Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Лето во Скопје

Билјана Ангеловска

Одамна не сме го виделе Скопје толку празно. Барем не од минатото лето. Но, таа празнотија не го прави градот мртов. Напротив, како да му дава некаква слобода. Се добива впечаток дека градот добил во простор, дека дише послободно.

Улиците како да станаа пошироки, сообраќајот е десеткуван, на тротоарите нема паркирани автомобили, па луѓето можат да се движат комотно. И возд��хот е некако почист. Веројатно поради намалениот број возила. Дури и интензивните градежни работи на повеќе градски сообраќајници се поднесуваат полесно. Автомобилите побрзо се разминуваат на тесните грла, колоните на семафорите имаат крај, не се слушаат сирените, нема нервозни возачи.

Нема турканици ни во автобусите ни во двата дена кога пензионерите можат да се возат без пари. Веројатно и ним им е тешко да излегуваат бесцелно на високите летни температури. Дури и кафеаните работат релаксирано. Лесно се наоѓа слободно место и во најпосетуваните градски кафулиња. И во текот на денот, но и во вечерните часови. И нарачките побрзо стигнуваат. Граѓаните во голем број се надвор од Скопје. Го користат својот летен одмор. И учениците и студентите ги нема. Секој фатил џаде на друга страна.

Сите оние граѓани што се деновиве во Скопје стануваат свесни за неговата реална пренаселеност, за тоа дека луѓето, едноставно, си пречат едни на други во секојдневните активности. И, во ваквите, за жал, ретки моменти како да стануваме љубоморни на граѓаните од помалите градови каде што се живее без турканици. Скопјани го делат тоа чувство само неколку дена во годината. Тогаш станува бесмислена секаква предност да се биде жител на метропола.

Убаво е деновиве да се живее во Скопје.


#
Статијата е прочитана 1245 пати.

Испрати коментар

Од: skopje
Датум: 05.08.2011 07:03:29
ако на авторката на текстот и сметаат луѓето и гужвата мозе слободно да си оди од ск и онака се гледа дека не е урбана особа срамота!
Од: sk
Датум: 05.08.2011 09:06:37
Leto vo Skopje bez seljacista i provincijalci i normalno deka se ke funkcionira
Од: Dragan
Датум: 05.08.2011 09:16:19
Do skopje, sto sramota tolku razbiras ti, urbano ne urbano, od takvi razmisluvanja kako tvoeto se izgubi dushata na gradot; bravo za tekstot, sosema se soglasuvam so avtorkata, vistinsko uzivanje e sega, bez tie stresovi od sekakov tip koi nastanuvaat poradi pregolemata guzva
Од: Tina
Датум: 05.08.2011 11:48:56
Ve razbiram. Duhot na gradot samo togiska ke se oseti, koga nema nikoj po ulicite. cak jas go osetiv vasiot opis na Skopje vo toa vreme goga ste go osetile i vie, prazno ali plno so karakter i duhot na Skopje.
Од: Go sakam Skopje
Датум: 05.08.2011 12:04:26
Nekogas.... leto ili zima, Skopje bese miren ubav grad, so dusa i ziteli so siroko srce i dobra dusa. I poradi dobrotata,gradot ni otide jabana. Vo moeto vreme,vo gradot vistina imase samo nekolku privatni avtomobili, no nemase nasilstvo, nemase ubistva,nemase sida. Plostadot bese so kaldrma,cist i opkrazen so onie drvja so prekrasni "kosnici", zad koi vo maloto parkce ja imavme najskapata reklama na Jugoplastika, nedaleku od Oficerskiot dom. Vo vecernite casovi, plostadot bese poln so Skopjani, osve retkite zaminati nekade na "nase more". Se setavme i po kejot koj go krasea brezicite koi isceznaa zaedno so dusata na gradot.Pred knizarnicata "Kultura"gi zakazuvavme sostancite, a nekade kon 22 casot poleka se rasturavme kon domovite...Trotoarite nemaa dupki, nemase kontejneri , no nemase i gjubrista na sekade. Bez strav se vrakjavme vo domovite, vo ocekuvane, utrevecer da gi vidime prijatelite so falbite od "nase more".I taka Skopje pred da ni go unistat,ziveese vo mir i ljubov k
Од: Реален
Датум: 05.08.2011 13:34:51
Хммм, за пример, некогаш и Велес беше индустриски град, во кој што работеа преку 8 фабрики. Треба ли тие луѓе да "спечалат" нешто, па не се тие криви што се инвестира само во Скопје! А, не се само велешани такви. На вас "носталгичарите" ќе ви кажам да погледнете малку лево и десно, не само право како... Колку само ви се полни домашната каса со сите тие кирии? Поздрав
Од: Трпе
Датум: 05.08.2011 13:39:17
Откако спомениците и музеите го запоседна просторот на центарот,народот премина во периферијата.Центарот на Скопје остана без кислород па затоа народот мора да оди настрана за да се надише воздух..

Најди! во Утрински
Втора страница
Олеснувачите и „отежнувачите“ ќе слават во Охрид
Раскол во Комисијата за лустрација
Вербатим

"""