|
|
|
|
|
|
Олеснувачите и „отежнувачите“ ќе слават во Охрид
Македонија конечно обединето ќе ја прославува годишнината на Охридскиот договор. На конференцијата што идната недела ќе се одржи во Охрид на иста маса ќе седнат Бранко Црвенковски, Арбен Џафери, Али Ахмети и веројатно Љупчо Георгиевски, главните потписници на документот.
Ним ќе им се приклучат олеснувачите Џејмс Пердју, Ален Лероа и Алексис Брунс (ако го потврди присуството), како и амбасад��рот на САД Филип Рикер. Според програмата што ја подготвува Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на конференцијата ќе учествуваат исто така претседателот Ѓорѓи Иванов и вицепремиерот Муса Џафери, а на одговорот на премиерот Никола Груевски се уште се чека. Така што, од семејната фотографија од 13 август пред десет години, која стана дел од македонската меморија и историја, ќе недостасуваат Џорџ Робертсон, Хавиер Солана и Франсоа Леотар и секако починатите, претседателот Борис Трајковски и лидерот на ПДП, Имер Имери.
Иако ќе биде работна, со говори и расправа, конференцијата сепак најмногу ќе биде симболична. За првпат од илегала на главната фотографија ќе се најде и лидерот на ДУИ Ахмети, кој тогаш не беше пожелен гостин како потпишувач, а сите политички лидери ќе слават заедно бидејќи мораат, односно бидејќи настанот ги надминува нивните меѓусебни омрази и караници.
Која ќе биде пораката што ќе излезе од конференцијата отсега не може да се каже, но генералната е дека Македонија овие десет години по Охридскиот договор не направила голем исчекор напред и дека се уште се гуши политички внатре.
За 5-ти септември е планирана уште една конференција на која ќе присуствуваат еврокомесарот Штефан Филе, Џејми Шеј од НАТО, Даниел Сервер од САД и повеќето странски амбасадори во земјата. (Н.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1439 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 05.08.2011 08:04:29 |
|
Се мислел мистер мр Рејтинг,дали да учествува на прославата.Сега пресметува дали ке му порасне или ке му падне рејтингот.Ке глуми дека бил против рамковниот а бил за амнестија.А дали е свесен дека ако не беше рамковниот,сигурно немаше да има шанса да биде премиерСега ке прати по новините,како ке реагират неговите партиски плукачи. |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 05.08.2011 09:04:01 |
|
Ke bide toa bal vampira, nikako slavje. A sto imame nie tuka da slavime kako nacija, dogovor koj go potpisavme so vperen pistol vo glava? Dali e za slavenje predavstvoto na nasite politicari koi pri vojska i policija uspeaja da izgubat vojna od nekolku stotini teroristi? Povodot e za placenje, ne za slavenje!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: до жике паланка |
Датум: 05.08.2011 09:21:22 |
|
Прашај го Б.Ц тој прв формира влада со него иако и овие другите не се поарни |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1 |
Датум: 05.08.2011 10:11:38 |
|
Site treba da se izbrkaat od Ohrid. Na predavnici i prodavaci na svojot narod ne im e mestoto vo Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: od citatel |
Датум: 05.08.2011 11:08:14 |
|
Se sekavam koga se potpisuvase ramkovniot dogovor, ovie sto se sega na vlas tolku silno laeja protiv nego i protiv Ahmeti. Sega i ubiecot ke go povikaat da im ja zalici masata otkako go amnestiraa i mu se poklonija za zverstvata sto gi pravese nad makedonskiot narod. A izigravaat ko bozem golemi patrioti. Nikolce definitivno si go pokaza tvoeto izopaceno lice. |
|
|
|
|
|
|
Од: dusko |
Датум: 05.08.2011 11:29:00 |
|
koj ramkoven, koj gluposti. Ova sto go pravat albancite nema nikakva vrska so ramkovniot. Zamislete zaposluvaat samo Albanci (veke nema poveke, gi cekaat da napravat 18 god za da gi zaposlat), toj ne se odnesuva na drugi nacionalnosti, a zamislete duri i na drugi albanci osven od vladeackata. Gledajte sto se sluci so jazikot, znameto i pred se haskite slucaevi, se e protiv makedoncite. Zosto ne napravija koalicija makedonskite partii, pa da go izbegnat seto ova, zatoa sto pred se preovladuva licniot interes. |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilepcanec |
Датум: 05.08.2011 16:13:07 |
|
I jas mislam deka "e za placenje".No,koga narodot poveke se sobira na pomeni otkolku ,na primer,na radosti-ova ke bide samo uste eden ritual za -placenje |
|
|
|
|
|
|
|
|