Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
На прво место

Нимиц немал поддршка од САД и од ЕУ, тврди Пердју

Тамара Грнчароска

Посредникот од ОН, Метју Нимиц, нема меѓународна поддршка навистина да оди во Скопје и Атина и да го доведе преговарачкиот процес во финале, бидејќи спорот околу името не се сфаќа доволно сериозно во Брисел и во Вашингтон.

Вака американскиот дипломат Џејмс Пердју, инаку поранешен олеснувач на Охридскиот договор, го објасни својот предлогот САД и ЕУ да се вклучат со медијаторство во спорот околу името. Повторувајќи дека Скопје и Атина се оставени самите да го решаваат спорот во процес во кој не се гледа напредок, Пердју порача дека Брисел и Вашингтон треба да признаат дека ова е сериозно прашање и тоа да се внесе на дневен ред во нивните институции и да се разговара за тоа како меѓународната заедница би требала да помогне. Но, и покрај тоа, Пердју е на став дека меѓународната заедница нема да може да помогне ако Грција и Македонија не го сакаат тоа.

Без попрецизно да објасни на каков вид медијаторство мисли, Пердју рече дека постојат многу начини да биде направено тоа. Пердју смета дека медијаторствотот на Нимиц е добра форма за изнаоѓање решение и тој можеби има поволни решенија, но „ќе треба меѓународна енергија во некоја форма, било во рамки на напорите на Нимиц или преку други механизми, да се третира ова прашање како итно“.

Тоа според американскиот дипломат значи дека Атина ќе може да се фокусира на други работи, во ситуација кога има многу работи на кои треба да се фокусира, а Македонија ќе може да почне да се движи во насока во која земјата мора да оди, со оглед дека моменталната ситуација околу спорот им штети и на двете земји.

„Не гледам пристап на Македонија во ЕУ и во НАТО без решение за името“, рече Пердју. Според него, тоа прашање ќе има краен исход, т.е. нема да трае вечно, но решението треба да биде прифатливо за двете страни.

Пердју, како што рече, за своите предлози не разговарал ниту со македонските власти ниту со претставници во Брисел и Вашингтон, наведувајќи дека и не планира поофицијално да ги претстави своите предлози, освен презентацијата што ја имаше на РОС-РОТ семинарот во Скопје и вчерашното предавањето на Универзитетот ФОН во Скопје.


#
Статијата е прочитана 1348 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
На прво место
Филе
Брисел бара да си ги прибереме азилантите
ЕУ испрати заканувачко писмо






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency