Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
На прво место

Филе: Важи препораката на ЕУ за Македонија

Прага – За Македонија и натаму се применува препораката од Европската комисија дека оваа кандидатска земја е подготвена за почнување пристапни преговори со ЕУ. Единствена пречка е името на државата и кога ова прашање ќе се реши преговорите за членство во ЕУ ќе почнат многу брзо, изјави еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во интервју за чешкиот весник „Лидове новини“.

Според него, ЕУ не ги сменила и не ги зајакнала правилата за прием туку од 2006 година бара кандидатите да бидат навистина подготвени за влез.

„Комисијата и земјите-членки сега имаат поголема можност да го надгледуваат квалитетот на процесот за влез во европската заедни��а. Ние, исто така, имаме ново поглавје што се однесува на основните права и слободи на судството кон кое не може да се пристапи механички, туку се проверува дали навистина се создадени законски и технички услови и како тоа функционира. Тоа сега го решаваме со Хрватска“, потенцира европскиот комесар.

За Филе, Хрватска, и покрај одредени компликации, се наоѓа во „последниот круг пред целта“ и доколку успее да исполни одредени услови разговорите за влез во Унијата би можело да се очекува да завршат идната година. Европскиот комесар смета дека и процесот за влез на Исланд во Унијата ќе оди брзо. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1093 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 22.10.2010 14:25:08
Иа нешто некому да не е јасно?

Најди! во Утрински
На прво место
Нимиц немал поддршка од САД и од ЕУ, тврди Пердју
Брисел бара да си ги прибереме азилантите
ЕУ испрати заканувачко писмо






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency