„Илинденска“ се' уште се гради
Продолжуваат градежните работи на „Илинденска“. Улицата се' уште е затворена за сообраќај, а во тек е асфалтирањето на раскрсницата со булеварот „8 Септември“. Се работи на проширување на делот кон поранешната Воена болница, се градат нови пешачки триаголници и средишно зеленило. Иако од Градот Скопје беше најавувано дека градежните работи ќе завршат во почетокот на неделава, засега не се знае уште колку време двете сообраќајници ќе бидат затворени за автомобили. |