Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Четири фирми ги бараат автобуските станици

Приватните партнери ќе ги добијат постојките под концесија и ќе можат да најмуваат рекламен простор

Три домашни и една грчка фирма се заинтересирани да ги уредат автобуските постојки во Скопје. Нивните понуди стасаа на тендерот на ЈСП „Скопје“, кој заврши вчера. Една од овие компании ќе биде приватниот партнер на Јавното претпријатие, кој ќе треба да постави урбана опрема на автобуските станици и да ги стопанисува во одреден период. За возврат ќе добие можност на постојките да издава рекламен простор. Која фирма ќе биде избрана, ќе биде познато за краток временски период откако тендерската комисија ќе изврши евалуација на понудите. Најголем процент при бодувањето носи рокот на концесионирањето, исто се бодуваат рокот на изработката и квалитетот на идејното решение, а најмала улога игра висината на надоместот.

Фирмата „Виа сигнал“ бара петгодишно концесионерство со автобуските станици за кои нуди надомест за концесија од 20.000 евра годишно. Сите 292 станици ќе бидат уредени за три месеци, а материјалните на урбаната опрема ќе треба дополнително да се изберат во соработка со ЈСП. Понудата на фирмата „Лазов груп“ е за концесионирање од 25 години, за што се подготвени да плаќаат надомест од 6.000 евра годишно. Во документацијата имаат доставено три идејни решенија за изгледот на автобуските станици, од кои едно е наградено на меѓународен конкурс. Времето на уредување е 6 месеци, а поставувањето на дисплетите би траело до крајот на 2012 година. Третата македонска компанија е „М-6“, која бара јавно-приватно партнерство со ЈСП да трае 10 години. Висината на надоместот што го нудат е 36.000 евра годишно, а рокот за реализација на уредувањето на станиците е 24 месеци. Единствената странска фирма, грчката „Керавно“, бара 18-годишна концесија за 4.500 евра годишен надомест. Инсталирањето на урбаната опрема на станиците би се одвивало во 3 фази во рок од 9 месеци.

„Уредувањето на автобуските станици е чекор напред во подобрувањето на условите за патниците во јавниот превоз, но и во подобрување на имиџот на градот“, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов, на вчерашното отворање на понудите. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 745 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
„Илинденска“ се' уште се гради
Скопјани ги искршија градските велосипеди
„Топлификација“ почна да го полни системот