Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

Скопјани ги искршија градските велосипеди

Велосипедите се враќаат со помалку делови, а дрски граѓани им ги заменуваат гумите со стари и излижани

Сања Наумовска


Скопјани ги искршија градските велосипеди. Уште не е завршен пробниот период на проектот за изнајмување, а веќе голем број од велосипедите по неколкупати биле на поправка. Граѓаните што ги изнајмуваат за само 10 денари за еден час, ги враќаат искривени, изгребани или, пак, со изгубени делови. Недостасуваат ѕвончиња, синџири, педали, корпи и други делови. Има ситуации кога велосипедот се враќа со оштетена рамка, искривено тркало или дупната гума. Многу чести се ситуациите кога дрски граѓани ја искористуваат поволноста на ниската цена за изнајмување и земаат велосипед само за да си направат замена на делови.

„Се случувало да ни вратат велосипед со стари и излижани гуми, кои очигледно се заменети, бидејќи нашите велосипеди се нови“, велат во Јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое стопанисува со 70 градски велосипеди.

Се случува, велат, на пунктот за изнајмување да не остане ниту еден велосипед, бидејќи сите морале да одат на поправка. Оттаму признаваат дека велосипедите што ги добија како донација не се од врвен квалитет и дека очекувале брзо да се амортизираат, но не се надевале дека скопјани ќе смислуваат вакви начини за да ги оштетат.

Засега, велат во „Градски паркинг“, нема да има казнувања, бидејќи се' уште трае тест-периодот на проектот. Сите велосипеди се осигурени. Поситните дефекти се санираат на самото место, на пунктовите за изнајмување на паркиралиштата кај Телеком, „Треска“ и во Аеродром, кај ТЦ „Бисер“. За поголемите оштетувања се ангажира фирма за поправка. Сепак, од Јавното претпријатие најавуваат дека уште отсега размислуваат на кои начини ќе ги заштитуваат велосипедите во идната сезона на изнајмување.

„Постојат повеќе начини да спречиме оштетувања или кражби на делови од велосипедите. Засега размислуваме за можноста секој што изнајмува да остави одреден аванс што ќе му се враќа откако ќе го врати велосипедот неоштетен. Исто така, постои можноста, бидејќи при секое рентање се земаат податоци за изнајмувачот, ако отпосле се констатира штета, тој да биде повикан на одговорност“, велат во „Градски паркинг“ од каде што нагласуваат дека, пред се', очекуваат да проработи свеста кај граѓаните дека ова е единствениот проект што нуди еколошка алтернатива на јавниот превоз во градот.


#
Статијата е прочитана 3071 пати.

Испрати коментар

Од: senegal
Датум: 16.09.2010 12:07:46
kazav i prethodno vo ovaa drzava vladee HAOS a narodov ili dobri 90 procenti e BAGRA
Од: Марина
Датум: 16.09.2010 12:11:49
Браво за проектот! Многу ме бендисува. Моите родители се пензионери, и за ситни пари уживаат и се рекреираат. Но, за жал не не' бива :( Засекогаш ќе си останеме сељаци неписмени без трошка совест. Никој друг не ни е крив. Додека не се удри по џебот ред кај нас нема да има.
Од: ilija
Датум: 16.09.2010 13:21:17
Dzaba sakaat Skopje da bide Pariz,koga lugjeto shto ziveat vo nego se neandertalci...Ova e eden od proektite shto iskreno go podrzav....ama za kogo??? Pred nekoj den vidov eden prijatel koj na velosipedot go kachil sin mu(zavidna kilaza) i edno 5 kesi od Vero,full...i tera gragjaninot...transport do doma za DZ...Bem ti takva svest gragjanska.
Од: student
Датум: 16.09.2010 13:37:12
До кога ваков просталук? Народов за 10 денари ќе те убие мајке ми. И што ако пишувам коментар кој ќе го прочита граѓанин кој или ич не го интересира или па и да го интересира ќе смени нешто? Бруки, срамота, греота, неписменост и да не набројувам. Ете една работа направија што е функционална и после владата ваква онаква. Не е до владата до народот е.
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 16.09.2010 13:53:14
Сиромав човек - жив ѓавол. Ова се совпаѓа со реалнаа сосотојба во државата. Значи каков закон да се изгласа, луѓето ќе го изиграт. Не е крив Груевски за се, нели безименко под ’’јас’’.
Од: maja chicago
Датум: 16.09.2010 14:13:15
ima i za toa lek: zemete broj na kreditna kartica, pa sekoja popravka ke se plaka od kreditnata karticka.
Од: za gradoncalnikot
Датум: 16.09.2010 14:43:26
Naka prodolzi proektot, da se razgleda moznosta besplatna usluga so prosirena mreza na stanici i velosipedi. A za vraboteniot sto videl smeneta guma trebalo da prijavi vo policaija taa da si ja gleda rabotata, prikaskite da gi ostavi nastrana da rabooti ili podobro za takvite kako nego e da nema velosipedi pa platata ke dojde i taka.
Од: vlatko
Датум: 16.09.2010 15:55:19
za ovoj narod samo stap i tursko ropstvo..porasipan nema nikade
Од: гоце
Датум: 16.09.2010 16:30:05
тоа е народот со стара култура и цивилизација од каде целата култура на светот потекнува? мизерија жива сме!
Од: Луда Мара
Датум: 16.09.2010 17:00:21
Среќа!Се работи само за шкарт велосипеди!Замислете што ли ќе се случеше да се изнајмуваа Автомобили! Аааа...?!?!Што велите?Да ве чујам! ;)
Од: Komentator
Датум: 16.09.2010 17:44:38
E...sega ne e za navreda ..ama kaj ste videle vo Skopje...skopjanec...na prsti da nabrois...se ostanato ne e za velosiped..tuku za arabadiska kola.. .od tamu mu e genot...a za toa bez navreda koj e zasegnat.. povtorno neka procita zosto samata statija KAZUVA SE....!!!

Најди! во Утрински
Скопје
„Илинденска“ се' уште се гради
Четири фирми ги бараат автобуските станици
„Топлификација“ почна да го полни системот



"""