Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Тројца повредени во масовна тепачка во Шутка

Тројца се повредени со нож во масовна тепачка на две семејства во скопската населба Шуто Оризари. Инцидентот се случил завчера пред полноќ, при што морала да интервенира и полицијата. Раскараните роднини, инаку гастарбајтери во Италија, прво се навредувале и расправале, за потоа да употребат и физичка сила, а биле извадени и ножеви. Ситуацијата во еден момент толку зоврела што полицајците морале да бараат засилување за да ги разделат разбеснетите табори. Дел од учесниците во тепачката се приведени, а дел од нив завршиле во болница, каде што им се санирани повредите.

Според полицијата, расправијата започнала околу 23 часот на плоштадот во Шуто Оризари, каде што меѓусебното нетрпение меѓу братучедите Н.М (21) и Р.М.(23), од една страна, и А.М.(19), од друга страна, резултирало со расправија. Во еден момент ситуацијата излегла од контрола и тие започнале тепачка. Притоа, со нож биле повредени тројца момчиња од таборот на А.М., кој успеал да побегне. Повредените веднаш биле пренесени во Градската болница во Скопје.

За тепачката веднаш била известена полицијата во Чаир. Со цел да го расветлат случајот, полицајците се упатиле на улицата „Вашингтонска“ во куќата на Р.М. (61), чиј внук бил еден од напаѓачите.

Но, токму тука дошло до нов инцидент, кој ескалирал околу 40 минути по полноќ. Додека полицајците разговарале со инволвираните во тепачката, пристигнал избеганиот А.Б. кој во меѓувреме викнал група пријатели и роднини како засилување, кои вооружени со дрвени прачки, метални шипки и камења, дошле да се пресметаат со семејството на Р.М. со кое имале нарушени односи.

„Притоа, еден полицаец поради предупредување и спречување на понатамошно нарушување на јавниот ред и мир испукал два куршума во воздух. Но, и покрај тоа групата ги нападнала домаќините, нанесувајќи им телесни повреди. На внукот на газдата му биле нанесени повреди во пределот на рацете со остар предмет, при што е однесен и задржан на лекување во Скопје. Останатите присутни од семејството на Р.М.,  исто така, побарале лекарска помош во Градската болница во Скопје“, информираат од МВР.  

Според полицијата, при нападот биле нанесени и големи материјални штети, бил уништен инвентарот и стаклата во куќата, а од нападот не успеал да се спаси ниту автомобилот БМВ, што бил паркиран пред куќата. СВР - Скопје презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува пријава. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1075 пати.

Испрати коментар

Од: kiko
Датум: 09.08.2011 20:22:53
od kade ovie lige od sutka nasle pari za BMW. ziveat od socijalna pomos imat premnogu slobodno vreme i koga ke im se zdosadi se tepaat. Neka odat vo Rumunia da pravat nemiri da vidat kako ke pominat a ne kako ovde im davame prava i privilegii kade e ELVIS covekot so ulicki facultet da ja sredi situacijata.

Најди! во Утрински
Хроника
Безуспешна потрага по исчезнатите деца
Пронајдена жена во бессознание

"""