Пронајдена жена во бессознание
Четириесет и деветгодишна жена е пронајдена во бессознание во скопското село Припор. Според полицијата, станува збор за Т.К. (49) од Скопје, која завчера околу 17 часот е пронајдена, најверојатно, падната од велосипед. Жената имала видливи повреди на телото, по што веднаш е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.
Според полицијата, повредената е неконтактибилна и е во животна опасност. СВР - Скопје презема мерки за расчистување на настанот. (Х.Р.) |