Деновиве ќе почне реконструкцијата на улиците „60“ и „101“ во Волково и во Пржино. Овие улици се користеа при изградбата на обиколницата на Скопје, при што настанаа одредени оштетувања на коловозната конструкција. Со реконструкцијата, што ќе се изведува од центарот на селото Волково до последната автобуска станица на „22“, ќе се изврши санација и пресвлекување со нов асфалтен слој во постојниот габарит, а наедно ќе се поправат и банкините по должината на улицата.
Во наредните неколку дена, линијата на автобусот „22“ привремено ќе биде изменета. Последната станица, наместо до новиот спортски центар кај реката Лепенец, ќе биде до центарот на село Волково.
Градежните работи ќе ги изведува „Терна“, фирмата која ја градеше втората фаза од обиколницата. Од Општина Ѓорче Петров апелираат до граѓаните да ја приспособат брзината на автомобилите според условите на патот, со што би се овозможила непречена работа на изведувачот. (В.Д.)
Јас би му препорачал на градоначалникот Сокол Митровски, малку повеќе да поработи, а не да се фали по медиумите.
Ваква информација треба да читаме кога ќе биде готов патот, а не сега.
И информацииве се малку тенденционзи, работите ги изведува Терна, а не општината, не може заслугата за оваа работа да се препише на градоначалникот.
Во суштина ова е ваша обврска, вие се обврзавте на ова затоа не треба да се фалите и да собирате поени на ваков начин.