Брoj 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Доцни стартот на изградбата на четирите капитални проекти

Моментно од МВР се чека потврдата за привремените сообраќајни решенија

Сања Наумовска

Почетокот на реализацијата на четирите капитални проекти кои пролетва ги промовираше Градот Скопје ќе доцни еден месец. Иако беше најавено дека проширувањето на „Илинденска“ и на булеварот „Гоце Делчев“ и клучките кај Бит-пазар и Тутунскиот комбинат ќе почнат да се градат во текот на јуни, стартот на нивната реализација се очекува пред крајот на месецов.

Како што информираат градските власти, моментно од Министерството за внатрешни работи се чека потврдата за привремените сообраќајни решенија на овие локации, кои ќе важат за сите учесници во сообраќајот додека траат градежните работи. Веднаш штом ќе бидат готови решенијата, градежните работи ќе започнат на терен, а во Градот очекуваат до крајот на јули да бидат готови сите четири документи.

Во меѓувреме, по завршувањето на тендерите, избрани се и изведувачите. Клучката кај Бит-пазар и проширувањето на „Илинденска“ ќе ги гради „Гранит“, клучката кај Тутунски комбинат „Маврово - Ингра“, а „Конструктор“ проширувањето на булеварот „Гоце Делчев“.

„Се' е подготвено за старт на четирите капитални проекти, се чекаат само привремените сообраќајни решенија, кои се надеваме дека ќе бидат готови за две недели. Сите четири проекти ќе се реализираат паралелно, во текот на летните месеци кога нема многу сообраќај на улиците. За сите се обезбедени пари во буџетот на Градот“, вели Мичо Поповски од Секторот за урбанизам. Тој додава дека на трасата на „Илинденска“ се' уште има нерешени имотноправни проблеми, со кои ќе се справуваат во од, додека трае проширувањето на улицата до крајот н�� годината.

Според планот, „Илинденска“ ќе биде булевар од фонтаната „Лотос“ до раскрсницата кај Воената болница. Изградбата на клучката кај Тутунски комбинат и проширувањето на булеварот „Гоце Делчев“ се во функција на нормално функционирање на клучката „Континентал“ и се очекува сите да завршат кон крајот на летото. Двата проекта ќе го чинат Градот 33 милиони денари. Со клучката кај Бит-пазар, пак, ќе се избегне секое вртење влево и нема да има потреба од семафори, а изградбата ќе чини 40 милиони денари.


Статијата е прочитана 470 пати.

Испрати коментар

Од: Дебар Маало
Датум: 15.07.2008 09:52:03
Не се доцни само еден месец, туку повеќе од три години колку што Трифун Костовски е градоначалник. Човекот оди по некакви трибини, се бунтува зашто некој сака да гради нешто, а заборава дека градењето на објекти од општ и заеднички интерес е една од основните задачи на еден градоначалник. За триипол години не реши ни 1% од сообраќајниот хаос во градот, ни паркирање ни сообраќајници, ништо. Едвај чекаме да му заврши мандатот.
Од: joker
Датум: 15.07.2008 11:59:30
kakva blamaza od sektorot za urbanizam na grad Skopje za celiot mandat ne resija nisto a sega pred krajot na nivnite mandati duri cetri kapitalni proekti ke izveduvaat! ovaa e samo mala sminka za nivniot neuspeh zaedno i so nivniot gradonacalnik! prasajte go mico popovski kako i na koj nacin se izgradi zgradata na kej na mestoto na stariot kajak kanu klub?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
За десет месеци, истретирани се над 1.000 улични кучиња
Реконструкција на улиците „60“ и „101“
Граѓаните да пријават палење огнови на Водно
Се' уште нема проект за довршување на „Првомајска“
Гази Баба постави табли за влез и излез во руралните населби