Граѓаните да пријават палење огнови на Водно
Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ вчера повторно ги повика граѓаните да го пријават своето присуство во парк-шумата „Водно“. „Напоменуваме дека со издавање на дозволата не се воведуваат никакви рестриктивни мерки или ограничувања за движење, туку станува збор исклучиво за евиденција и контрола на присуството на посетители во шумскиот појас“, се наведува во соопштението од „Паркови и зеленило“. Од претпријатието апелираат до граѓаните да пријават какво било палење огнови на територијата на парк-шумата „Водно“ на телефонскиот број 075-211-162 или во првата шумочуварска патрола или, пак, во шумската куќа на Средно Водно. (А.П.)
|