Деца осомничени за серија кражби
Три деца од Битола и 29-годишник од Прилеп се осомничени дека извршиле 13 тешки кражби и една кражба во обид, додека двајца мажи на возраст од 77 и 80 години кривично ќе одговараат за прикривање. Според МВР, С.С. (29) од Прилеп и тројцата малолетници на возраст од 12 до 14 години, во периодот од ланскиот октомври до март годинава, извршиле серија кражби во куќи, гаражи, визби, магацини и цркви, од каде што одзеле бакарни и метални предмети во вредност од речиси 40.000 денари. Битолчаните М.П. (77) и П.Д. (80), според МВР, ги купувале предметите, иако знаеле дека се крадени. (Г.А.) |