Реновирани две основни училишта
Во најстарото основно училиште во Македонија, „Кирил и Методиј“ во општината Центар беше заменета старата електрична инсталација. Со тоа е надминат проблемот со прекини на струја, што предизвикуваше проблеми на компјутерите. Преку проектот за основно образование (ПЕП), УСАИД вложи 1.035.000 денари, а 1.350.000 денари се средства на Општината и на училиштето.
Вчера беше свечено одбележано и завршувањето на проектот за реконструкција на покривот на Основното училиште „Војдан Чернодрински“ во општината Карпош. Со поддршка на УСАИД, во ова училиште беше целосно отстранет стариот азбестен покрив од лесонитни плочи и на нивно место беше поставен еколошки пластифициран лим. Како што информираа од Општина Карпош, вкупниот проект е вреден 4,4 милиони денари, од кои 3,2 милиони се средства на Општината, а 1,15 милион денари од проектот ПЕП на УСАИД. (С.Р.) |