Број 3413  петок, 22 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Скопје

На втор кат не може со високи штикли!

Горната платформа ќе биде висока само 1,70 метри. Качувањето на него ќе биде грбечки

Снежана Калабакова


Жените со високи потпетици и мажите што пораснале над 1,70 метри не ќе можат да се возат на горниот кат од двокатните автобуси, бидејќи тој има висина од само 1,60 метри. Тоа значи дека повисоките луѓе не треба да се радуваат на доаѓањето на двокатните автобуси од кинеската компанија „��утонг“.

Тие ќе мора однапред да си ја избришат фантазијата дека ќе се возат на високата платформа, бидејќи за такво нешто ќе треба грбечки да влегуваат, а мешечки да излегуваат. Кој ќе може тогаш да го користи вториот кат од автобусите и зошто воопшто имаше потреба од него ако неговата употреба е ограничена само на одреден број луѓе. За кого се наменети автобусите, за џуџиња?

За министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој завчера се врати од Женгжоу, Кина, каде што отиде да го види прототипот на вонсерискиот двокатен автобус со ретродизајн, висината не претставува проблем. Како што рече, патниците нема да стојат на горниот кат од автобусите, оти тој е наменет само за седење за да не се наруши стабилноста на возилото.

И во Лондон, каде што има најмногу двокатни автобуси, не смее да се стои на втората платформа, туку само да се седи, но тамошните автобуси се повисоки. Висината на втората платформа е 190 сантиметри. Сосема доволно еден натпросечно висок човек да оди меѓу седиштата.

Министерот го бендиса автобусот откако ја виде првичната верзија и направи сефте возење со прототипот во кругот на кинеската фабрика задолжена да произведе 202 автобуса. Ниту вчера не рече дека автобусите имаат мана, иако му беше поставено прашање што мисли за малата висина на горниот кат од само 160 сантиметри.

„Граѓаните прво треба да ги видат автобусите, а потоа да коментираат. Горниот кат ќе биде 1,70 метри, не 1,60 и патниците што ќе се возат ќе можат само да седат, бидејќи ако стојат, автобусот нема да биде стабилен. Долниот кат е повисок, има 1,90 метри и тој е за стоење. Автобусите ги исполнуваат сите ЕУ-стандарди“, објасни вчера Јанакиески.

Тој додаде дека новите кинески автобуси поради висината, нема да имаат проблем со поминувањето по сообраќајниците каде што има надвозници. Единствен проблем, како што кажа, е постојката во ГТЦ, но за да не влегуваат возилата таму, ќе биде сменета местоположбата само на таа постојка.

Првиот прототип на двокатен автобус, карактеристичен за автобусите што возеле по скопските улици во 50-тите години, има вкупно 60 седишта и 20 места за стоење. На горниот кат има 39 столчиња.

Зделката со „Јутонг“ ќе ја чини Македонија приближно 40 милиони евра. Главното прашање е колку ќе биде исплатлива инвестицијата ако половина скопјани нема да можат да се возат во новите двокатни автобуси.


#
Статијата е прочитана 7406 пати.

Испрати коментар

Од: Читател
Датум: 22.10.2010 12:14:10
Среќичка шо сме ниска нација
Од: Ја
Датум: 22.10.2010 12:17:36
СРАМОТА,почнувајќи од ретродизајнот со кој закоравените вмровци како борци против комунизмот не враќаат во старо комунистичко Скопје со автобуси произведени во комунистичка Кина а наменети за Кинези (па нели тие се со помал раст).Предлагам кога паторот ќе ја сече лентата за нив, први патници да бидат КОШАРКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА на РМ и тоа на горниот кат.
Од: Свилени Ракавици
Датум: 22.10.2010 12:23:32
Што се глупираат и купуваат вакви глупости нека го продадат ЈСП и онака е загубар. И либерализаат јавниот собрајќај до кога со вакви комунистички методи ќе се занимаваат. ДПМНЕ е десна партија колку што и Хуго Чавез е.
Од: od stavre
Датум: 22.10.2010 12:24:42
Доказ дека сме Лилипутанија
Од: elena
Датум: 22.10.2010 12:30:15
A kakvi motori imaat ovie avtobusi? Dali i tie gi zadovoluvaat EU standardite?
Од: Gavol
Датум: 22.10.2010 12:33:21
Ne zameruvajte, koga deca ti ja vodat drzavata mora prvo da posakaat igracki od razen tip kako ovie smesni avtobusi od 19 vek, toa ke bide prilika "decata" na gorniot kat da si igrat "dzamlii " i da "delat" od plenot sto go srabotile "igrajki" si ministri. Zatoa sme na ova deredze na koe sme. Namesto da vidis nesto NOVO nevideno -futuristicko sto cel svet ke gleda so respekt , nie sami si pravime site da ni se potsmevaat. Namesto metro da se misli da se gradi kako vo site evropski gradovi, nie ke pocneme i so sinski koli i konji da se vozime, a bogami vo dobar del od drzavata ni seuste se vozat lugeto so niv i vo nekoi gradovi...
Од: od esnaf
Датум: 22.10.2010 12:34:00
Pa normalno deka gorniot kat e samo 170cm,zatoa sto autobusite se napraveni za Kinezite!!!
Од: забеган.
Датум: 22.10.2010 12:46:00
Па како може со штикли???.Па нели Автобусите не враќат неколку децени назад.Тогај немало штикли само ОПИНЦИ.До каде ќе не вратат овие ВМР-ОВЦИ.
Од: vvv
Датум: 22.10.2010 13:11:26
Со вакви чуда ли ќе се возиме???
Од: Mirjana
Датум: 22.10.2010 13:15:33
Shto se slucuva so drzavava, sekoj den toneme podlaboko a odgovornite si pravat majtap so gragjanite kako da ja nasledile drzavava od nivnite deoovci. Zarem sme tolku budali da kupuvame dvokatni avtobusi so star izgled, shto e celta na ovaa budalashtina. Gospod neka ni e napomosh, da imaa budalite rogovi lesno ke gi prepoznavavme vaka ke treba da gi barame.
Од: Aleksandar-London
Датум: 22.10.2010 13:16:24
da tocno e toa deka vo London avotobusite na vtoriot kat se 1.90 ali ne 1.70 druga rabota treba da se ima kultura za da se vozi vo takvi avtobusi bas me interesira kako toa ke se vovede kaj nas,i so 1.70 uste ne bilo problem eve jas sum 1.88 znaci ako sakam da se vozam so tie avotbusi treba da idam zgrbaven ne e samo deka treba da se sedi a za da stignes do sedisteto,kako ke letas...?a be more nepismeni edni toa e nisto cudno od ovaa vlada moze i kabriolet neka napravat avotobusi,pozdrav Utrinski od London
Од: mkd
Датум: 22.10.2010 13:17:27
Pogolem promasaj od dvospratni avtobusi realno nema. Za smek se potrebni 10-20 avtobusi a ne 200. Ekonomski se neopravdani-trosat poveke a nosat pomalku ludje i toa nestandardno.Da ne zboram za grankite od drvata i niskite iskriveni semafori... NA SKOPJE mu e potreben TROLEJBUS koj e ekonomicen,eftin,ne treba da se kopaat ulici,mozat se prefrlat i od traka vo traka i da se otkacat od el.mreza i 500 metri da pominat samostojno na baterii ako ima potreba...
Од: Луда Мара
Датум: 22.10.2010 13:38:07
Сонувам велелепни барокни автобуси!Како да ги кител Вангелчо лично!Само...моиве,сите до еден се портокалови!Увезени од демократијата,made in UK,а не како оние старине двоспратни даблдекери-ем црвени,ем комунистички!Ретро до бесвест!Се возам,ама овој е кабрио,без кров и немам проблем со штикливе(17cm) и саде во Ацета гледам!Извишена Гордо,како Македонка,веднаш заборавам на болниците во распаѓање,на недостатокот од лекови,трошните апарати за дијализа,на училиштата без кровови и со скапани полски клозети,на музеите-руини кои прокиснуваат...!Ха,Двоспратни автобуси се тоа,не е шега!Сè е добро кога не им текнало воланот да е на десната страна!После тоа ќе можевме слободно да се правиме англичани,без грижи и последици од ваквите силни реформи!Ми стана појасно зошто не му текнало на Коцета за штиклите: Па кај сте виделе опинци на штикли?!И...што е најбитно,уште од сега се спрема да ги исече сите дрвја и дрвореди во градов!Ваков штетник одамна немало!
Од: Nevena
Датум: 22.10.2010 13:39:05
Zamislete! Ovaa nasa Vlada videla dvokatni avtobusi i si si pomislila deka e toa prekrasna igracka za niz gradov. Tuka ziveam veke 65 godini i znam kakva katastrofa od prevoz pretstavuvaat dvokatnite avtobusi! Ovie denesnive "vladeaci" nikogas ne zavisele od gradskiot prevoz pa si eksperimentiraat so nas gragjanite na Skopje! Aman veke od sopki na plostadot, a sega i od vakvo nekorisno sredstvo. Ima li nekoj razumen sto ke vidi kako treba da se organizira gradskiot prevoz, neka ne odi po drugite kontinenti, gi ima vo najbliskoto sosedstvo!!
Од: vaga957
Датум: 22.10.2010 13:51:54
Ха,ха,ха.......како ли само ке поминуваат под подвожњаците, а тешко на тие што ќе бидат на вториот спрат, како што се нервозни возачите на ЈСП никој не ќе може да слезе од горниот кат, се разбира само оние кои тргнале на разгледување на градот.А, еве во моментов ми светна, може горниот кат да биде за туристи со туристички водич и ајдеее на прошетка.Само требало да стават а можеби има време скали надворешни за горниот спрат, за да не се мешаат туристите со другите граѓани од долниот спрат....
Од: Трпе
Датум: 22.10.2010 13:52:24
Ова инвестиција што ја прави нашата неизживеана блада се вели дека некој си прави Бајрам на мозокот.Не ми се верува и дека ке ја остварат.Ако случајно ги донесат овие грдоти предлагам прв да го качат Протугер.Иако ова остварувачка блада требаше прво да набави запрежни коли и пајтони.Барем немаше потреба и од реновирање на улиците.Пералната на пари мора да продолжи со работа.
Од: Skopjanec
Датум: 22.10.2010 14:05:12
За визсината стварно немам сто да казам. Никој нема да сака да се каци горе, освен можеби учениците. Дали некоја баба или дедо ке се стегне да се качува и симнува горе доле имајќи предвид како возат шоферите на ЈСП. Или дали ќе има време за неколку станици некој да се качи и симне од вториот спрат кога и со сегашниве еднокатни накголемата гужва се прави само до средната врата, сите сакаат да се поблиску за да не им ја затвори шоферот вратата пред нос па де се провозат усте нокоја станица плус. Ќе остане само долниот спрат за користење. Значи новите автобуси ќе имаат 21 место за седење и 20 за стоење во превод овие се МИНИБУСИ ИЛИ КОМБИЊА, а не автобуси. Значи гужвата во автобусите ќе биде само поголема никако помала. Утната работа 100%
Од: dragan
Датум: 22.10.2010 14:16:02
Грешката се направи уште кога тендерот го доби странска фирма ,а нашата фабрика ја затворивме.Се друго е попусто ( арамилак).
Од: иван
Датум: 22.10.2010 14:25:04
Како прово основна грешка е што од пари од држава се купубат гратски автобуси, едноставно не е фер спрема другите општини а далугу од децентрализација на државата. Како второ колку што можам да ги видам на сликите стварно се за никаде, едноставно не ми се допагаат, како трето фала богу не живееам во Скопје и многу ретко ке ги користам.
Од: Аника
Датум: 22.10.2010 14:29:41
Очигледно автобусите се правени по мерки за Кинези :-)
Од: STUDENT
Датум: 22.10.2010 14:35:08
Многу ме интересира колку ќе чини еден билет за возење откако ке се донесат "новите" автобуси?
Од: mac
Датум: 22.10.2010 14:37:19
u anglija se 1,90 i treba da moze da se odi ispraveno 80%od skopjani se 1,80 i 1,75 da se kade a za niska nacija tesko
Од: vladimir
Датум: 22.10.2010 14:41:48
I vo drugi gradovi ima avtobusi na dva sprata, ama i metro, i tramvaj i kultura na vozenje. kaj nas . . . . .
Од: Sigmund
Датум: 22.10.2010 15:05:19
Deteto pojma nema kade e, a vie za avtobusi i visini go prasuvate. Znaci gore sednati lugeto ke gi stavime preku krov, zasto ako se dvizat ke se prevrti avtobusot? Koj kreten, ne smeeme da komentirame za raboti sto gi nemame videno? Tesko na drzavata od vakvi demokrati sto za moi pari me pravat nedodelkan. Ne znam do kade odi tolerancijata na Gruevski, ama maliot napravi i premnogu kiksovi.
Од: Луди Милојко
Датум: 22.10.2010 15:19:39
Маро мори не туку стои простум само пред спомениците!Саде дремка ти иде , а и соништа кошмарни те мачат.Ќе да е од психичката стабилност!Остај штиклите Маро, ко ќе се расониш,да не ти текне пунџа да правиш ?Отиде јабана фризурата.Или во трчање шешир со пердушка да клаиш и гордо да се извишиш.
Од: zoran
Датум: 22.10.2010 15:36:40
kolku ste patetichni, se ima nekoj vozeno na vtor sprat od ovie sto komentirale.. kako se pogodivte se inzenjeri breee c c c c c ...na kinezive ova im e izgleda prv dizajn i nemaat poima sto pravat.. treba da gi zatvorat...bozeeee..trebalo da dopishite i za roleri
Од: Dzidzibebe
Датум: 22.10.2010 16:18:45
Znaci, na ovie SDSM-ovcite nikako ne moze da im se pogodi!!!!! Zarem poveke sakate da se vozite vo starite i iskrseni avtobusi koi sega vrtat niz gradot???!!!
Од: kiro USA
Датум: 22.10.2010 17:16:07
Na avtobusite treba da pisuva "DOBREDOJDOVTE VO 19ti VEK " zasluzeno od VMRO DPMNE.
Од: Stara skopjanka
Датум: 22.10.2010 18:42:25
Znaci ..vtoriot kat e rezerviran za tepacki na tinejderi..jas ne se sekavam vo moeto nekogasno dalecno Skopje da ne sum mozela so stikli da odam na vtoriot kat na togasnite "londonski avtobusi"... E..sega navistina veruvam deka novite avtobusi se so "visok" kineski standard....!!!
Од: makedonec
Датум: 22.10.2010 19:57:33
Ne ni e pogodeno na makedonckite. Jas povejke bi sakal da se vozam vo makedonskite avtobusi sto go zagubija tenderot bidejki ne gi zadovoluvaja vmrovskite uslovi, kako korupcija.. no vistnata e zalosna ke se vozime vo kineski tenekii..
Од: Dejan
Датум: 22.10.2010 21:56:43
Lele na vas skopjancinja se vi smeta. Jas da sum na mestoto na gruevski i ovie ke vi gi ukinam pa peski da odite i lutate niz skopjevo.nikoj ne mozi da vi pogodi
Од: black
Датум: 22.10.2010 23:42:31
dali imaat mesto i oprema(platform ) za invalidski stolici...kolku sto vidov ovie uvezeni od privatnicite iako maximum sose davaci gi cinelo po 20 do 30 iljadi evra imaat sve od klima do platforma sto se spusta da se kacuvaat invalidi pa se do celiot luxus a gi ispolnuvaat i sie EU normi.....
Од: Гиљотина
Датум: 23.10.2010 01:39:44
Се ке направат само автобусите да се возат по скопските улици, ќе исечат гранки, ќе ги прилагодат семафорите, ќе ја преместат автобуската која е сега во ГТЦ,... се плашам само да не ги обезглават тие повисоките патници за по секоја цена да ги собере во автобусите. Поарно да купеа комбиња, а дефинитивно најдобра варијанта е тролејбусот. Но да не се грижиме многу околу автобусите, додека да пристигнат како што ни паѓа стандардот може ќе мора да одиме пеш.
Од: Stojko
Датум: 23.10.2010 01:55:00
Vtoriot kat e za ponizni - so taze kniska od dpmne!
Од: Skopjanec-perro
Датум: 23.10.2010 02:52:53
dogodina ke im tekne da napravt podvizni lenti,nazdravje koga ke pocnat da strajkuvaat tie sto ke gi kupat starite avtobusi,pa ke im izglasaat preku nok zakon za ogranicuvanje -ne postari avtobusi od 30 godini !!!
Од: АДВОКАТ
Датум: 23.10.2010 04:08:03
МОЖНОСТ ЗА ЗАРАБОТКА: Кога на станување од столче од вториот кат ќе си ја акнете главата од покривот, ќе ја тужите фирмата ЈСП за телесна повреда.
Од: makedonec
Датум: 23.10.2010 10:23:06
Alo razbudetese makedonci,Jas ziveam vo svedska vozam avtobusi scania na eden sprat se automatik komotni za merak i toa kade kade duplo povejke patovaaat .Ovie dvospratni avtobusi da si gi zadrzat kinezite ova e aramilok nevide samo skopje mu trebaat avtobusi kajse drugite ..
Од: mmbb
Датум: 23.10.2010 11:26:33
40 milioni evra otidoa vo Kina, pa makar i 40.000.000 komentari da ostavime. A da bea makedonski avtobusi, barem 400 luge ke imaa rabota, pa kakvi-takvi neka se avtobusite. Ne se naucivme deka so kupuvanje makedosnki proizvodi si kupuvame rabota za nas i nasite deca.
Од: od mene
Датум: 23.10.2010 13:41:04
A be koj ke Vi gi porava tie avtobusi koga ke se rasipat??? Za kineskiot kvalitet se e veke kazano a tie avtobusi se za nivni standardi - ako se so 170cm visina na vtoriot sprat. Zosto da ne se napravat kako vo London avtobusite da se za da moze da pominuva normalno visok covek tamu? Ili se praveno po urnek na prviot minister koj ne e nesto golem hehehehe
Од: nekoj
Датум: 23.10.2010 15:47:25
Ajde vishe nishto ne vi odgovara, bolje ovie avtobusi nego starine komunistichki od vremeto na Tito! Ako ne se otvorite za promeni i prifatite bar edno neshto pozitivno nishto ne biduva od nas! Raduvajte se kolku tolku barem ima nekoj promeni i pochnuvame da zalikuvame na normalna zemja
Од: Stara skopjanka,za "stara skopjanka"
Датум: 23.10.2010 21:21:52
Ovaa nova "stara skopjanka" neka ne mi go prevzema pseudonimot!! A sto se odnesuva do nekogasnite dvokatni avtobusi i stiklite, samo da potsetam deka vo toa vreme, retko koj od nas imase cevli so tanki stiklii. Taa "cest "ja imaa onie sto "na crno "gi kupuvaa vo Italija( kade tesko se odese) ili za 5000 dinari, po poracani kaj cuveniot "Mira" ( dukjanceto, sproti kukjata na Zernoski) ili eventualno kaj "Shabi"koj se falese pred studentite od "pravni"na kjoja se devojka imal cest da i pravi cevli... Stara skopjanke, ajde da se razbereme,ne mi go zemaj pseudonimot;najdi si nekoe drugo ime!!
О��: Pomesecki avtobusi i Gebels.
Датум: 23.10.2010 22:07:02
Vtoriot kat e rezervisan za " zamaenite" i hipnotizirani vmr-ovcina, koi po naredba na firerceto pomesecki ce vleguvaat , a grbecki ce izleguvaat. Tie se tolku zaslepeni sto firerceto da im naredi i da polzat i toa ce go pravat , da im kaze vo februar so kuci gadji da odata i na toa ce pristanat , bidejci seto toa e za dobroto na tatkovinata. Toa e rezultat na edna nevidena " gebelsova propaganda" koja se sproveduva sistematski naj neinformiran narod. Rusite go imaa zavzemeno pola Berlin , a Gebels gi ubeduvase Germancite deka ce nastani presvrt do konecna pobeda i regrutirase deca od 15 godini za dobrovolci.Hajl Grujo!
Од: realnosta
Датум: 24.10.2010 03:22:39
@nemoj haha, kakva ironija....se kupuvaat avtobusi kako sto imalo nekogas, i zboris za "promeni"....dali da placam ili da se smeam...

Најди! во Утрински
Скопје
„Комунална“ се поднови со шест камиони за ѓубре
Реновирани две основни училишта
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks