Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Македонија

Штип ќе добие нов плоштад и уредено корито на Отиња

За разубавување на централното подрачје, општината ќе земе кредит од Светска банка во висина од два милиона евра

Иван Бојаџиски



Штип – Речиси е извесно дека набрзо Штип ќе добие целосно нов плоштад. Општина го достави до Светската банка основниот проект за целосна реконструкција на градскиот плоштад и из��радба на платформи на коритото на реката Отиња. Тоа било услов за добивање кредит од два милиона евра за разубавување на централното градско подрачје на кое не е интервенирано подолго од педесет години. Бидејќи кредитот е веќе одобрен и е исполнет условот да може да се користи, Штип очекува да добие потврден одговор од Светска банка за најмногу две недели.

Проектот за плоштадот во кој ќе се инвестираат 360.000 евра е на архитекти од локалната самоуправа. Големата дилема во врска со плоштадот, кој ќе зафаќа површина од 2.500 квадратни метри, ја наметнува споменикот на Александар Македонски поставен на место на кое, според проектот, планирана е изградба на голема фонтана.

„Една од идеите е споменикот на Александар да остане во центарот на самата фонтана, а друга, да се помести десетина метри и да се постави на местото каде што сега има два киоска за продажба на весници. Ќе видиме која одлука ќе биде прифатена и таа ќе ја реализираме“, вели градоначалникот Зоран Алексов.

Според Алексов, општината прави се' целата инвестиција да биде што поевтина. Планирано е плоштадот да биде послан со сивкаст вештачки гранит, кој е поевтин од природниот.

„Очекуваме во текот на овој месец или најдоцна во јули да започнеме со работите околу реконструкција на плоштадот. Уредувањето на коритото на Отиња, пак, и изградбата на платформите ќе ги стартуваме во октомври. Идната пролет треба да добиеме една сосема нова структура на најкултното место во нашиот град“, потенцира Алексов.

За уредувањето на коритото на реката Отиња, која тече низ центарот на Штип, општината распиша тендер за истражни дупчења со кои треба да се утврди цврстината на земјата во коритото што треба да се симне на 5,5 метри под шесте моста на реката. Пешачката зона, која ќе има функција на шеталиште, ќе биде на 4,5 метри.

„Од ослободувањето на градот, односно близу шест децении не се вршени никакви интервенции на овој простор, иако градот се зголеми и по број на градби и според бројот на жители, а и потребите на новите генерации не се исти како порано. Со овој проект, Отиња ќе се користи за повеќе намени. Ќе биде и шеталиште со многу цветни алеи и зеленило, а со платформите го решаваме сообраќајниот метеж во срцето на Штип. Некој мораше еднаш да ја направи таа работа бидејќи стана капитална потреба на градот, кој е регионален центар. Реката Отиња со своите содржини, градскиот плоштад со сосема изменет современ лик и со нови содржини на него значително ќе го изменат најзначајниот градски простор. Таа нова визура на центарот на Штип ќе ја имаме напролет“, нагласува градоначалникот Алексов.

Општината планира да го враќа од кредитот наплатата за паркирање на близу 500 моторни возила колку што сега, според анализите, бесплатно се паркираат во центарот на градот. Направена е симулација, според која, кредитот ќе може да се враќа без проблеми. Во сите анкети на локалните медиуми штипјани дадоа поддршка за овој проект.


#
Статијата е прочитана 889 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 11.06.2011 08:21:45
Ako sakam da go posetim Stip, vo moite godini, kakvo e medicinsko snabdevanje za starite? Oti da patuvam nazad do moj doktor zaradi nekoji simplociteti po staracki potrebi, ke bide skapo da dojdam za rdna godina prosetka po Makedonija. Voa prasanje ne e samo za Stip, e za na sekade vo Makedonskite centrovi. Ako se e so privatno, ke bide i za mene skapo. Blagodaram na informacijata vo idnina.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 11.06.2011 09:36:39
Gledajki gi realiziranite proekti vo Stip,dve i nesto go- dini posle lokalnite izbori(ramno recisi na nula)uba- vo zamislen proekt za Plostadot i koritoto na r.Otinja. Istoto se slusase i pred dve godini i bese kazano KE bide napraveno.Da ne se sprema ovoj gradonacal- nik za vtor mandat.Sigurno mu e udobno na foteljata a za lugeto nisto ne e napraveno.
Од: koj bilo
Датум: 11.06.2011 12:03:19
Predlagam, Aleksandar da se pikne vo eden od tie kiosci i da prodava tamu vesnici, take ke bide rešena dilemata i problemot.
Од: Марко
Датум: 11.06.2011 12:30:04
А ќе направат ли плажи со палми на Отиња?
Од: stanko
Датум: 11.06.2011 15:20:29
ke ke ke ke 3 godini samo ke ajde da vidime!!!! so kredit?? da vrakaat site naredni generacii??? golema rabota
Од: Komentator
Датум: 12.06.2011 18:51:15
E...ova mora da e ideja na gospodinot stipjanecot Vencislav predplatnikot kaj Robert na Zdravo Makedonijo...Verojatno veke se odlepi od "FLOKSULA" B.C. so koja i na Gospod mu dosadi pa dobro i jas ke se raduvam Stip konecno da ima plostadi i pokraj toa sto vo mojot grad Skopje ima poveke stipjani nego vo Stip....

Најди! во Утрински
Македонија
Осуда за медиумите од ЗНМ
Невреме ја опустоши Вратница
Министрите ги испратија првите праски за Русија
Нема лиценци без платено грозје

"""