Број 3410  вторник, 19 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

„Синестезија“ за Денот на Музејот на Белград

Изложбата „Синестезија“ на Музејот на современата уметност од Скопје, која досега беше презентирана во Виена, Скопје и во Рим, утревечер во 19 часот, ќе биде отворена во Белград, во „Конакот на кнегиња Љубица“. Куратор е Викторија Васева-Димеска, а таа содржи дела од македонските автори: Томе Аџиевски, Антони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Вана Урошевиќ, Јане Чаловски, Исмет Рамиќевиќ, отец Методиј Златанов и групата ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски).

Изложбата ќе ја отворат Ивана Авжер, секретарка за култура на град Белград, Даница Продановиќ, директорка на Музејот на град Белград и Елиза Шулевска, директорка на Музејот на современата уметност.

Овој проект, со кој свечено се одбележува денот на Музејот на град Белград и празникот на градот, се смета за впечатлив почеток на обновување на поранешната долгогодишна соработка во областа на културата меѓу Македонија и Србија. Изложбата е финансирана од македонското Министерство за култура. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Доаѓа светската џез-сцена
„Мајки“ премиерно во Скопје
Изложба на Христина Зафировска
Носталгична, но манипулативна сторија за Македонија






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency