Кривични пријави за шверцување цигари
Царинската управа поднесе три кривични пријави против осум физички и две правни лица поради шверцување цигари. Во текот на 2006 година преку граничниот премин Табановце во земјава биле пропуштени 11 камиони натоварени со вкупно 14.792 пакета разни цигари.
Цигарите со вредност од над 110 милиони денари биле од фирми-извозници од Копар, Словенија и Бар, Црна Гора, а наменети за краен корисник од Македонија. „Во соработка и со помош на двајца царински службеници, на возачите им било овозможено да ја избегнат царинската контрола и да ги внесат цигарите во земјава без да бидат евидентирани и да започне царинска постапка“, велат од Царината. (Х.Р.) |