Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Хроника

Доктор нападнат во болница

Во Клиничката болница во Штип пациент го нападнал дежурниот лекар на Интерно одделение. Според портпаролката на СВР - Штип, Снежана Санева, настанот се случил завчера кога пациентот, кој бил примен на 31 декември, почнал да ги турка инструментите во просторијата, по што лекарот бил нападнат со два удара и се здобил со исеченица на устата.

Од страна на лекарот била повикана полиција, а пациентот покажувал психичка вознемиреност, по што е хоспитализиран во специјалната болница „Бардовци“ во Скопје.

Претседателот на Лекарската комора - Штип, Влатко Миташев, го осудува овој инцидент и посочува оти ова е втор случај кога пациент напаѓа лекар. Тој смета дека досега е многу направено за правата на пациентите, но не и за правата на лекарите.

„Не знам од кои причини, правилникот за правата на лекарите се' уште не е донесен и се' уште тапка во место, а со овој правилник ќе се регулираат и кои се правата на лекарите“, вели Миташев. (МИА)


#
Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Газда Велија немал никаков имот на свое име?
Бугари празнеле скопски банкомати
Молотов коктел фрлен во двор
Бремена жена повредена во судир
Кривични пријави за шверцување цигари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks