Бугари празнеле скопски банкомати
Тројца пријавени заработиле над еден милион денари преку нелегални трансакции
МВР поднесе кривична пријава против бугарските државјани А.Б.Д. (27), К.Р.К. (24) и Р.М.Т. (24) поради изработка и употреба на лажна платежна картичка, односно соизвршителство. Според пријавата, Бугарите во минатото лето набавиле лажни платежни картички и на 22 јуни ги употребиле како вистински во две банки во Скопје. При 111 успешни нелегални трансакции, заработиле над еден милион денари.
„Покрај успешните нелегални трансакции, извршиле и 169 неуспешни нелегални трансакции, кои доколку биле успешни, пријавените би се стекнале со противправна имотна корист од дополнителни 1.782.000 денари“, велат од МВР.
Податоците што биле вметнати на лажните ��латежни картички се во сопственост на македонски државјани, кои на 21 јуни годинава, биле нелегално прибавени од непознати лица со монтирање на специјално изработени уреди за таа намена на банкомати на една банка во Скопје.
Преку Секторот за меѓународна полициска соработка, нашето МВР обезбедило фотографии за пријавените странски државјани, кои се совпаднале со доставените видеозаписи од банкоматите. Проверките на граничните премини со Бугарија потврдиле дека тројцата пријавени на 22 јуни 2010 година престојувале во Македонија.
„Се преземаат дополнителни мерки и активности за утврдување на лицата, кои нелегално ги прибавиле податоците од платежни картички“, дополнуваат од полицијата. (Г.А.) |