Исправка
Во текстот „Делчевски семејства шест години не можат да се вселат во становите“, објавен во нашиот весник на 12 овој месец, направена е ненамерна грешка со неправилна интерпретација на кажувањето на делчевскиот градоначалник Мирко Иванов.
Во текстот стои: „ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор парите ги префрли на нелегитимен субјект на сметката на „Крип инженеринг“ кое требаше да ги изврши работите. Точната информација гласи: „Од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор парите ги префрлија на нелегитимен субјект, бидејќи тие требаше да легнат на ЈП „Крип инженеринг“ кое требаше да ги изврши работите.
Поради оваа ненамерна, а суштинска грешка им се извинуваме на градоначалникот Иванов и на ЈП „Крип инженеринг“. |