Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Посвојување само со врски

Mариче Стојанова, Велес

Јас и мојот сопруг имаме по 35 години и веќе пет години чекаме на посвојување во нашиот град Велес. Бидејќи немаме врски, не ни вреди тоа што сме добро ситуирани, паметни, почитувани граѓани и добри деца на своите родители кои, рака на срце, веќе полека но сигурно се помируваат со таа ситуација. Молам за совет: што да прават интелектуалците со своето високо образование, зашто изгледа само со честа и својот образ не можеме да дојдеме до дете. Социјалните работнички само ни се насмевнуваат, ни велат дека ние сме во план, но деца - немало!?

Колку треба да се чека да се дојде до тоа дете, кое со години е сонувано од нашите изморени срца!? Немаме сили да одиме веќе по клиники, со тие пари досега ќе изгледавме барем две усти. Дали Македонија навистина се грижи за своите граѓани? За скандалот да биде уште поголем, кога најпрво ги поднесовме документите, тие беа заборавени во фиока речиси две години. По наше долго инсистирање, едвај започна постапката за конечно да добиеме писмо од Скопје со кое не' известуваат оти сме посвоители и официјално, односно само ставени на листа за чекање. Тоа чекање трае пет години. Зошто се' уште не сме добиле дете, верувајте, не знаеме! Останавме само со надеж дека и ние ќе станеме родители, ама во нашата Македонија ништо изгледа не може да помине без врски. До кога и до каде ќе се оди со тие врски?


Статијата е прочитана 85 пати.

Испрати коментар

Од: od bitola
Датум: 18.12.2008 00:27:54
eeeeeeeej ima be nekoj normalen vo ovaa drzava? sekoja nedela barem po edno dete e napusteno i se ceka nekoj da go posvoj. Lugjevo mu nudat zgrizuvanje i namesto drzavata da se grizi za deteto - tie ke se grizat. Ne samo so treba da im dade dete drzavava tuku treba i da im pomogne sekako!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Станишев само сака да е „интересен“
Долго чекање овластување
Исправка