Број 2865  четврток, 18 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Станишев само сака да е „интересен“

Драги Траjков, Неготино

Деновиве не' посети премиерот на Бугарија. Некултурно, а изгледа од желба да е „интересен” почна да ни кажува што не му е по ќеф кај нас. Со нашите медиуми и некои асоцијации кои ги уривале „добрите” македонско-бугарски односи еве и лица од Бугарија (ОМО „Илинден“ - ПИРИН) кои не знаеле што сакаат! Но, кога тие не знаат - знае Станишев, па онака насмеан, од уво до уво, ни вели - сакале да се „интересни”, зашто кога тоа не би го правеле, би ги немало! Ваквата нивна „интересност” им носи големи бугародемократортурни привилегии, се уверивме и ние и Стразбур.

Се разбира, Станишев не заборави по 10. 001. пат да не' потсети дека „Бугарија прва не' признала” како држава. Како сега да не бараме од неа да не' отпризнае по толкуте бугарски потсетки и досетки? Како во приказната де, кога оној му ја зајми гуњата за да не го наврне сопатникот, а после дождот 5-6 пати го прашува како ќе поминел да не му ја беше зајмил! И како што овој изнервиран се нурна во ближната река и излегувајќи го праша дали повеќе ќе беше мокар од тоа, и ние прашуваме „навистина што ќе беше – први да не не' признаевте?!”

Особено што и признавањето од Турција беше речиси истовремено и истиот ден, но од неа не гледаме „фанфари и фестивали“, а камоли оток-потсетувања. Од бугарска страна и друго „незадоволство” - спомениците на бугарските војници од пред стотина години кај нас не се средени ! Тие војници се поважни, иако не се живи, одошто живите Македонци денес во - европејска Бугарија! Што да мисли човек за ваквото поимање на демократијата? Го повикуваме и нашето Министерство за надворешни работи да не се однесува инертно кога е во прашање оваа соседна земја. Особено што се ближи датумот за пресудата во спорот за регистрација на ОМО „Илинден“ - ПИРИН во бугарскиот суд (23 декември 2008 год.) т.е да возврати соодветно на дипломатската практика.

Изгледа кај нас секој може да дојде и да ни тресе свои националромантичарски в��денија, но и навреди на нашиот национален идентитет, а ние домаќински да одмолчуваме (што ни направи пред десетина години Пангалос среде Скопје). За крај, до нашите соседи, само со искрен пристап се градат вистински односи, а иронијата и негаторството ќе ви се враќаат од глава и секогаш пожестоко.


Статијата е прочитана 163 пати.

Испрати коментар

Од: Tode
Датум: 18.12.2008 00:34:15
Neznam sto gubite vreme so tie "gancovci".
Од: NARODOT E IST
Датум: 18.12.2008 01:15:23
NARODOT E IST NA OVOJ ZAEDNICKI PROSTOR Jazikot, pismoto, kulturata, pesnite, istorijata i tn e identicna na ovoj prostor. Treba ednas da se prestane so politiziranje. Vo edinstvena Evropa bez granici site od Sofija do Solun ke bidat ist narod samo treba da si go priznaeme bibliskoto ime MAKEDONIJA.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Посвојување само со врски
Долго чекање овластување
Исправка