Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

ЕУ и НАТО да бидат приоритет, бараат стопанствениците

Бизнис-заедницата од северозападна Македонија очекува новата влада да ги исполни ветувањата особено на економски план и да ја третира како нејзин рамноправен, конструктивен партнер при креирањето на политиките за стопанството. „Членството во ЕУ и во НАТО да биде приоритет на новата влада зашто тоа влева сигурност кај домашните и странските стопанственици, претставува гаранција за водење бизнис, а оттука и поголема можност за привлекување инвестиции“, рече вчера на прес-конференција претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерез Кучи.

Кучи апелира при формирањето на владата да нема двојни функции зашто тоа ќе значи дополнителен товар за стопанството. Ресорните министри да се избираат во согласност со нивните способности и капацитети за работа, а не според тоа кој колку бил партиски активен или заслужен.

„Формирањето на новата влада веднаш ќе покаже што можеме да очекуваме. Сметаме дека не треба да има дуплирање на функциите со цел задоволување нечии политички апетити“, посочи Кучи.

Стопанската комора на северозападна Македонија оценува дека „со одржаните предвремени парламентарни избори граѓаните докторираа, а политичарите, ако се употреби студентскиот речник“, како што нагласи Кучи, „успешно го положија колоквиумот. Испитот допрва следува“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Изборите завршија, на ред е отчетот пред ММФ
Складираните суро��ини чекаат повисоки цени
ММФ очекува пад на јапонската економија
Во Грција регистрирана рекордна невработеност
Светската банка ги намали прогнозите за глобалниот раст
Обама ја поддржа Грција
Најголемата плата во Црна Гора 15.166 евра

"""