Брoj 2730  понеделник, 07 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Првиот човек на турскиот фудбал почина на ручек со Терим...

Претседателот на Фудбалската федерација на Турција, 52 годишниот Хасан Доган, почина во саботата како последица на срцев удар. Тој доживеа инфаркт за време на ручекот со селекторот Фатих Терим, во летувалиштето Бодрум.

Хасан Доган беше угледен човек, кој ја презеде Фудбалската федерација на Турција на почетокот на оваа година. Беше оженет и имаше две деца.

Хунтелар блиску до Манчестер Ј.



Напаѓачот на Ајакс Јан Хунтелар потврди дека сака да игра за Манчестер Ј. Преминувањето во Англија е речиси сигурно ако се знае дека Ајакс ангажира еден од најталентираните млади играчи во Европа, 19 годишниот Србин, Миралем Сулејмани, од Херенвен.

Ајакс за Хунтелар бара 20 милиони фунти, што е далеку помала сума од оние 30 милиони кои Тотенхем ги бара за Бербатов, трансферната цел број еден на Алекс Фергусон. „За мене се интересираат повеќе клубови, но јас сакам да играм за Манчестер јунајтед. Сакам клубови со голема историја“, изјави Хунтелар, кој постигна 70 гола во 82 меча за Ајакс.

Киднапиран братот на Јобо од Евертон



Во индустриското подрачја на реката Нигер во Нигерија вооружени разбојници го киднапираа Норума Јобо, младиот брат на репрезентативецот Јозеф Јобо.

Нору бил киднапиран неколку часа по полноќ кога се враќал од една забава, а засега никој не ја презеде одговорноста и никој не побарал пари. Инаку, Јозеф Јобо е член на Евертон од 2003 година, а моментно е заменик на капитенот Фил Невил. Инаку, тоа подрачје крај реката Нигер е место на насилство бидејќи таму се спорат нафтените компании и локалните заедници кои со години бараат поголем дел од богатството кое го носи експлоатацијата на нафта.

Нигерија е најголемиот африкански произведувач на нафта и наедно шести светски извозник со просек од 2,6 милиони барели дневно. Поголемиот дел од црното злато во таа земја се црпи токму во притоката на реката Нигер.

Стадионот во Киев најголем проблем на Украина



Стадионот во Киев претседателот на УЕФА Мишел Платини го означи како еден од најголемите проблеми во организација на идното ЕП. Работите на неговата реконструкција, вредна меѓу 200 и 300 милиони долари, тотално се искомпликуваа.

Загрижени од бавноста на тајванската градежна компанија, која има големи проблеми со недостаток од материјал и работна сила, Украинците одлучија работата да и ја доверат на друга компанија, или на германската „GMP“, или на англиската „US Fosters and Partners“. Свесни дека нема да се завршат работите на време, Тајванците бараа капацитетот на стадионот од 90.000 да се намали на 50.000 седишта, со што не се согласија Украинците, а ниту УЕФА.

Бекам во САД со дневница од 80.000 евра



Секоја година познатиот американски магазин „Форбс“ објавува листа на најбогати луѓе во разни области, па и во спортот. Кога станува збор за фудбалерите листата на најплатени во 2007 претрпе мали измени, а веста е дека стариот крал Дејвид Бекам е повторно на врвот, престигнувајќи го Роналдињо.

Тоа се случи благодарејќи на неговиот договор со Л.А Галакси вреден 160 милиони евра. Бившиот капитен на Англија така во 2007 година заработи 30,8 милиони евра и убедливо го освои првото место. Роналдињо и покрај слабата сезона и многуте повреди и проблемите со Рајкард поради кои не играше и кога беше подготвен, успеа да заработи 20,57 милиони евра, речиси пет повеќе од Тиери Анри. „Парите од ТВ правата, продажбата на дресови, рекламите, сето тоа кога ќе се преведе добивате дека најдобрите играчи заработиле повеќе отколку што можевме да претпоставиме на почетокот на истражувањето“, изјави еден од авторите на листата, новинарот на „Форбс“ Пол Мејдстоун.

Најбогат играч во Англија е Кристијано Роналдо, но интересно тој има заработено помалку и од сонародникот од Милан, Роналдо.

Најголеми примања



1. Дејвид Бекам 30,8 милиони евра

2. Роналдињо (Барселона) 20,57

3. Тиери Анри (Барселона) 15,78

4. Роналдо (Милан) 13,38

5. Роналдо (Манчестер Ј.) 11,61

6. Кака (Милан) 11,11

7. Канаваро (Реал М.) 10,98

8. Шевченко (Челзи) 10,98

9. Џерар (Ливерпул) 10,73

10. Тери (Челзи) 10,22

Зенит бара 25 милиони евра за Аршавин



Тренерот на Зенит Дик Адвокат ја откри цената за која овој клуб би го продал својот најдобар играч, Андреј Арашвин. „Не може да го задржиме ако некој понуди 25 милиони евра. Тој нема да игра за Зенит се' додека работите не станат чисти“, изјави Адвокат. Инаку, англиските медиуми веќе неколку дена пишуваат дека Аршавин сигурно ќе дојде во Челзи.

Манчини може да работи во хотелиерски бизнис



Бившиот тренер на Интер, Роберто Манчини, изјави дека не се интересира многу за фудбал. „Во моментов фудбалот ми е последен во главата. Сега одморам, се релаксирам на плажа. Со Марколин, Михајловиќ и Салсано се забавуваме по цел ден“, изјави Манчини кој неодамна купи хотел со пет ѕвездички кој се наоѓа на плажата Коста Реи. Според италијанските медиуми истиот треба да почне да работи наредното лето.


Статијата е прочитана 1110 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хамилтон ги разгали британските фанови
Пекинг 2008
Во август фудбалската репрезентација против Луксембург или Саудиска Арабија
Тодор Гечевски за нов потпис бара 350.000 евра од Задар
Венус Вилијамс по петти пат „шефица“ на лондонската трева
Ватерполистите испуштија победа над Русија
Силни групи за Кометал Ѓорче Петров и за Металург во ЛШ