Срамота, нека ни се смее цела нација
Со овие зборови Хрватот Поповиќ ја опиша катастрофата со Бразил, а веќе денес „коцкестите“ ги очекува осминафиналето со Србија
„Је... му пас матер, играјте, ајде“, им викаше Марко Поповиќ од клупата на соиграчите во првата четвртина против силниот Бразил. Скокаше, мавташе, ама и се веселеше на некој добар потег. Но, от��ако Бразилците се одвоија ни темпераментниот задранин веќе немаше сила да ги бодри соиграчите.
Иако, целата приказна заврши со минус 18 коша, Хрватска одамна не доживеала ваква бламажа на големите натпреварувања. Кон соблекувалната играчите одеа со крената глава без збор. Само Поповиќ и Укиќ собраа храброст да кажат нешто пред новинарите.
„Ма, кој к.... јас ова воопшто го гледам“, кажа Поповиќ гужвајќи и фрлајќи го листот со статистиката.
„Срамота, срамота. Цела нација има право да ни се смее. Сега би се сокрил никој да не ме гледа. Да е последен ден од СП би купил карта за Казан и не би одел во Хрватска за да ме прашуваат што ни се случило“, додаде Поповиќ бесен на својата изведба и на онаа на своите соиграчи.
А, веќе денеска на Хрватите им следи осминафиналниот натпревар со Србија. „Не знам дали ќе не фати некое лудило па да им ги удриме сите 11 играчи и да ги повредиме. Само на тој начин може да ги добиеме...Сега не може еден со друг да се погледнеме во очи“, коментираше нервозниот Поповиќ.
За разлика од Хрватска, која не сакаше да и се случи ваков дебакл, Грција влезе во дуелот со Ру��ија очигледно намерно да загуби за да ја избегне Шпанија во осминафиналето (69:73).
Но, како што обично се случува лажгото добива по нос. Подоцна и Франција (не)намерно загуби од Нов Зеланд, па Грците ќе играат токму против Шпанија во осминафиналето.
„Горд сум што сум селектор на ваква репрезентација. Се надевам дека никогаш нема да бидеме како Грците. Ова беше прво мое вакво искуство. Ужас. Грција пред кратко време на Кипар не победи со 38 разлика. Ние напредувавме во меѓувреме, ама не до толку“, изјави разочараниот селектор на Русија Дејвид Блат и додаде: „Моите играчи се вистински борци и со голема страст играат за националниот состав. Тие можеби немаат високи договори како некои други кошаркари од другите репрезентации, ама играат со срце. Во нокаут фазата е важно искуството. Тоа нам ни недостасува, но со ваква пожртвуваност тоа може да се надополни“, смета Блат, кој веќе крои тактика за осминафиналниот дуел со Нов Зеланд. |