Гренџер: Европејците смрдат како мртви магариња
Дени Гренџер досега со ништо не се истакна на светското првенство во Турција. Освен со изјавата која шокира. Играчот на Индијана Пејсерс има епизодна улога во тимот на САД, па одлучи да се прави ѕвезда со колку дегутантна толку и расистичка изјава. Тој деновите во Турција не ги минува во очекуваната забава, па своите навивачи ги известува за она што го мачи.
„Тука умирам. Како е можно Европејците да не користат дезодоранси. Смрдат како мртви магариња. Не се шегувам, навистина е така“, кажа Гренџер во пораката на „Твитер“. Се разбира, кратко потоа беше избришана. |