Број 3375  сабота, 04 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Српските ватерполисти пресилни

Пораз од 19:9 во четвртото коло на ЕП во Загреб

Роберт Димитриевски

Ватерполо репрезентацијата на Македонија претрпе очекуван пораз од фаворитот за титулата Србија од 19:9 во четвртото коло на 29. Европско првенство што се одржува од 29 август до 11 септември во базенот „Младост“ во Загреб. Избраниците на селекторот Стеван Нонковиќ и пред натпреварот беа свесни дека, со оглед на разликата во квалитет, најмногу што можат е да се обидат пристојно да загубат од светскиот првак и освојувач на Светската лига и на Светскиот куп. Споредено со претходното ЕП 2008 во Малага, каде што беа декласирани со 23:6, во намерата до некаде и успеаја, а дека имаат видлив напредок во овие две години покажува и ремито 6:6 во последната четвртина. Сеедно што српските ватерполисти во тој период од играта се олабавија и на нерамноправниот ривал му допуштија многу повеќе шанси за гол, кој тој максимално ги искористи.

Уште на половина од средбата беше јасно дека Србите ќе слават висока победа. Тогаш на семафорот стоеше 6:1, а првиот гол за Македонија го постигна Иван Вуксановиќ дури на 2,12 минути до крајот на втората четвртина, кога намали на 1:5. По истекот на третиот период беше 13:3, за во последниот Здравко Делаш и Владимир Латковиќ со по два гола и Даниел Бениќ и Игор Рачуница со по еден да се изборат за колку-толку поднослива негатива.

Центарот Делаш, како и во претходното коло против Германија, и овој пат беше најефикасен во македо��ските редови со три погодока. Прв стрелец на натпреварот, пак, беше Србинот Андрија Прлаиновиќ со пет гола.

Србија имаше реализација од 63 проценти (9/30), а Македонија од 32 отсто (9/28). Покрај тоа, северниот сосед ги искористи сите свои шест контранапади, а имаше и успешност од 70 проценти (7/10) во акциите со играч повеќе.

Супериорноста на противникот му овозможи на Нонковиќ да експериментира во пресрет на многу поважната втора половина од еврошампионатот за Македонија, која од вторник ќе разигрува за пласман од 7 до 12 место, а прва пречка најверојатно ќе и' биде Турција. Шанса добија и двајцата етнички Македонци во составот, Бојан Јаневски и Димитар Димовски. Голманот Јаневски за 16 минути во игра одбрани еден удар, а Димовски за нешто помалку од 19 минути имаше четири обиди, но не се запиша во листата на стрелците.

Сличен развој на настаните може да се очекува и во последниот круг во рамките на групата Б в недела, кога Македонија од 16,30 ч. ќе му излезе на мегдан на олимпискиот шампион Унгарија.

СрбиЈа – МакедониJа 19:9



По четвртини: 4:0, 2:1, 7:2, 6:6. Базен: СРЦ „Младост“ во Загреб. Гледачи: 100. Судии: Пјер Бонеј од Франција и Филипо Гомез од Италија. Петерци: Србија /, Македонија 0/1. Реализација со играч повеќе: Србија 7/10, Македонија 3/5.

Србија: Соро (4), Г. Пиетловиќ (5), Аврамовиќ 2 (2/2), Гочиќ 1 (1/2), Удовичиќ 4 (4/6), Вапенски (0/1), Д. Пиетловиќ 4 (4/5), Никиќ, Алексиќ (0/1), Раден (0/1), Филиповиќ (0/1), Прлаиновиќ 5 (5/6), Митровиќ 3 (3/5). Селектор: Дејан Удовичиќ.

Македонија: Перчиниќ (4), Јаневски (1), Рачуница 1 (1/2), Вуксановиќ 1 (1/4), Делаш 3 (3/4), Босанчиќ (0/1), Кречковиќ (0/4), Ивовиќ, Бркиќ (0/1, 0/1), Димовски (0/4), Латковиќ 2 (2/3), Петровиќ (0/1), Бениќ 2 (2/3). Селектор: Стеван Нонковиќ.

ПЕТРОВИЌ: НЕМАВМЕ ШАНСИ



Стеван Нонковиќ: „Србија беше многу силна на почетокот од натпреварот, но потоа малку се опуштија. Тоа ни даде можност да испробаме нови тактики, бидејќи веќе сме насочени кон нашите наредни мечеви, кои се многу поважни од денешниот“.

Ненад Петровиќ: „Немавме никакви шанси за да го добиеме овој натпревар, па втората половина ја искористивме како подготовка за наредните средби“.

Дејан Удовичиќ: „Кога водите со десет гола разлика, концентрацијата попушта. Не им забележувам на играчите за тоа. Одигравме многу добро три четвртини, но на крајот примивме неколку несреќни голови“.


#
Статијата е прочитана 505 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Срамота, нека ни се смее цела нација
Раширени раце за македонските фудбалери
Гренџер
Холифилд сака да боксува и на 50 години
Топ осум - ги нема Французите, ги има Русите
Моден двобој во Њујорк
Порази на Давиденко и на Чилиќ