Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Политика

Анонимка и за министерот Коњановски

Лани во јули за злоупотреба на функциите се осомничени 12 директори во РЕК „Битола

БИТОЛА - Анонимна пријава против министерот за одбрана, Зоран Коњановски, за случајот со наводниот криминал тежок над седум милиони евра во РЕК „Битола“ пред Нова година стасала до Основното јавно обвинителство - Битола. За злоупотреба на службата лани во јули се осомничени 12 директори во РЕК. Пријавата против Коњановски Обвинителството ја смета како дополнување за тринаесеттиот осомничен за кого обвинителот најавува дека ќе постапува следните дена. Предметите за 12 директори на РЕК веќе се процесуирани пред истражен судија во Битола. Обвинителот Петар Аневски вели дека за осомничените директори се собираат податоци и докази.

„Пријавата е во вид известување, но заклучуваме дека станува збор за кривична пријава. Се однесува на случајот со 12 директори во РЕК ‘Битола‘. Тие веќе се во истрага, ќе бараме вештачење. Кривичната пријава против Коњановски ќе мора да ја прифатиме, бидејќи е дополнување“, изјави вчера обвинителот Аневски.

Од СВР-Битола тврдат дека немаат сознанија што би можел да ја поднесе кривичната против тринаесеттиот осомничен, ексгенералниот директор на РЕК, Зоран Коњановски. Од полицијата велат дека секој граѓанин на Македонија против секого може да поднесе кривична пријава.

Министерот Коњановски прв пат од новинарите слуша за кривична пријава против него, меѓутоа, вели дека, како и секој граѓанин, е достапен доколку Обвинителството и истрагата имаат намера да го повикаат на распит. „Не можам да коментирам анонимки додека Обвинителството не излезе со официјален став“, рече Коњановски.

Како што е познато, на 13 јули минатата година битолската полиција поднесе кривични пријави против 12 директори во РЕК, во времето кога на чело на комбинатот беше Коњановски. По ова опозицијата остро реагираше зашто меѓу осомничените од директорскиот тим го нема генералниот директор Коњановски.

„Дванаесеттемина пријавени во текот на 2008 година ги искористиле одговорните функции во РЕК и потпишувале фактури за надворешни правни лица, со кои исплатените средства ги надминале проектираните. Ова го направиле спротивно на вредностите за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектрани во Битола, како и спротивно на интерните акти, односно двете известувања што РЕК ’Битола‘ ги доставила на 8 јануари и на 26 јуни 2008 година, за број на извршители и број на работни часови“, рече Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола, лани во јули на прес-конференција.

Целиот случај се одвивал во неколку сектори на РЕК. Така, во термоелектраните, два директора потпишале 72 фактури на повеќе фирми во вредност од 450 милиони денари, иако услугите за ремонтите не смееле да бидат поголеми од 195 милиони денари, а со уште 86 фактури рапидно се зголемиле работните часови на надворешните извршители. Спротивно на договорените проекции, тоа го направиле и првите луѓе во комерцијалната служба со вкупно потпишани 326 фактури. Во истиот период, директорот на рудникот „Суводол“ потпишал 258 фактури. Опозицијата уште во летото реагираше дека поднесените кривични пријави против директорите во комбинатот се меѓусебни пресметки внатре во владејачката партија и оти злоупотребите се многу поголеми.


#
Статијата е прочитана 771 пати.

Испрати коментар

Од: bitolco
Датум: 04.01.2011 13:11:31
eve nova prilika za prishicko rastrojstvo na ministerceto. ce mora da kupi uste 10 stanovi vo skopje za da se relaksira. od platata razbira se.
Од: seat
Датум: 04.01.2011 14:05:04
Abe kaj gi najduvate sega ovie informacii da gi objavuvate. Pak nekoja od frakciite na VMRO.
Од: zrak
Датум: 04.01.2011 18:24:35
opozicijata reagira,a ako dojdi na vlas zaborava na se.ako ima kriminal samo vmro ako saka ke go resi, sdsm ke zatvori samo nekoj sto licno go ponizil b.c[pr.a.bajram] inaku gi boli uvo.
Од: Cudo za Ginis
Датум: 04.01.2011 23:09:36
Za 12 negovi direktori pokrenata krivicna prijava za kriminal tezok so milioni evra , a toj generalen direktor bil cist i nevin kako novorodence. pa na kogo mu frlate prasina vo oci A od kade mu e onaj imot ducani i stanovi vo centarot na Ohrid?. Ej prerodbenici, ova e za Ginis!
Од: mene
Датум: 05.01.2011 09:17:12
Se cudam kako e mozno za edno 5 - 6 godini da se specalat 8 stanovi, kade e mozno toa. AJ proverete, da ne bide samo Velija vinoven , a kutriot na negovo ime nema nisto, a Konjanovski pak 8 stana A ne e vinovien :(

Најди! во Утрински
Политика
Од ентузијазам до сервилност кон Владата
Ќе паднат цените на извршителите
Два милиона евра за рампи на една патарина
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks