Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Политика

Ќе паднат цените на извршителите

Маневски предлага рез од 40 отсто, а извршителите бараат да биде тоа како кај нотарите - од 20 до 25 отсто

Гордана Дувњак


Извршителите и министерот за правда, Михајло Маневски, се' уште не можат да се договорат околу намалувањето на цените на своите услуги. Како што неофицијално дознаваме, министерот бара од нив подрастичен рез за околу 40 отсто. Извршителите сметаат дека тоа е прекрупен залак и дека ќе го доведе во прашање нивното работење. Според нив, цените треба да бидат коригирани слично како оние на нотарите, што пред Нова година се спуштија за околу 25 отсто.

Министерот Маневски во изјава за „Утрински весник“ вели дека не може да се стави знак равенство меѓу нотарите и извршителите кои во правниот систем имаат различни улога и функција.

„Извршители имаат важна улога, но мора да се води сметка и за интересите на граѓаните што досега имаа големи поплаки во однос на висината на нивните услуги. И последниот тарифник што им го испративме беше производ на неколкумесечни усогласувања со извршителите, па, се надевам дека деновиве ќе го добијам нивното мислење за да може да биде донесен. Очекувам од 1 февруари да стартуваат новите цени на нотарите, но и на извршителите“, нагласува Маневски.

Претседателот на Комората на извршители, Антонио Коштанов, потврдува дека неколку месеци траат договарањата околу новите цени, но, сепак, верува дека ќе биде постигнат договор и оти постои желба за соработка од двете страни...

„Пред крајот на годината, поточно на 23 декември, го добивме последниот предлог - тарифник. Но, по неговото разгледувањето увидовме дека предложените проценти за намалување се превисоки. Тоа ќе го кажеме и во мислењето што деновиве планираме да му го испратиме на министерот за правда“, вели првиот човек на Комората на извршители.

Тој вели дека доколку Министерството инсистира на предложените проценти може да се случи да дојде и до отпуштања од работа. Потсетува дека во оваа фела се ангажирани околу 350 вработени, од кои 77 се извршители.

Коштанов потсетува дека од декември минатата година изгубиле и дел од досегашните надлежности, што со новите законски измени преминале во рацете на Управата за јавни приходи.

„На годишно ниво ќе останеме без 100.000 предмети. Станува збор за наплата на радиодифузна такса, но и на различни видови прекршоци (сообраќајни, јавен ред и мир, чистота...)“, потенцираат од Комората на извршителите.

Министерот за правда, Михајло Маневски, не се согласува дека се намалува обемот на работа на извршителите. „Напротив, извршителите и нотарите ќе добијат голем број нови предмети, од како од 1 јули судовите ќе се ослободат од платните налози“, додава Маневски.

Трансферот на извршни предмети, како што е познато, два пати беше пролонгиран, иако беа направени големи подготовки во судовите за нивно предавање, главно, од популистички побуди. Првиот пат тоа го бараше опозицијата, а во вториот случај, со лично ангажирање на премиерот Никола Груевски, наводно, за да се поштедат граѓаните.


#
Статијата е прочитана 1750 пати.

Испрати коментар

Од: goran
Датум: 04.01.2011 14:31:49
pa vie so tie 100000 predmeti sve ke oplackate i ke si imate 100000 neprijateli i dusmani
Од: "ziv" odran
Датум: 04.01.2011 18:19:17
Ajde nekoj da mi objasni od komentatorite... ama dobro pravno potkovan kakva e ova rabota...??? Dalecen rodnina mi se zali dobil vo sandace pozoltena kako egipetcki papirus izvrsna presuda od sudot deka ne platil voda ravno pred deset godini nekoj mesec...???? Ostaveno taka bez data na dostava a ubavo pisuva sudot donel iz.resenie vo 2002 godina ...?? e sega koj cuva 10 godini smetki neka kaze ??.. kaj do sega bese ova resenie koe kasni 10 godini...?? E..se prasuvam jas kako i koga toa ovoj "nov" zakon za obligacii pomina na sobranie..dosega vazese za edna godina zatoa i toplifikacija najefikasno..posle tri neplateni smetki na sud...?? Cekam pojasnenie....!!!
Од: Reformi so prepisuvanje na kaznite od EU!
Датум: 04.01.2011 19:44:38
Najgolema zasluga na ministerot na (ne)pravda e vsusnost prepisuvanjeto na visinata na tarifite za izvrsitelite od zemjite na EU!!! So ovoj cin izvrsitelite se promovirani vo vistinski reketari, koi beskrupulozno gi polnat svoite dzepovi! Tie ne gi respektiraat zelbite na dolznicite direktno da im go platat dolgot na doveritelite, duri koga toa i pismeno ke im se prezentira! Uzas, od izvrsiteli, uzas od takov minister ,,reformator,,!
Од: јас (Прилеп)
Датум: 04.01.2011 20:09:05
Јас ќе Ви дадам друг пример до каде оди безобзирноста на државава во наплата на долговите!! Двајца браќа живеат на иста куќна адреса .Имаат 2 различни ел.броила.Едниот брат плаќа редовно за струја . другиот не и нормално му стигнува тужба за наплата на стари долгови..Овој нема приходи и тука стапува на дело БЕЗОБЗИРНОСТА , АЛЧНОСТА И НЕПРАВЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА.Извршителот со судско решение МУ НАПЛАЌА ТУЃ ДОЛГ на првиот брат.. Брат му е , ама башка фамилии и се’ друго !! Во која држава ова го има??????
Од: Garfild
Датум: 04.01.2011 21:09:54
Nema pravno objasnuvanje zosto se drzele predmeti po nekolku godini ,pa sega se davaat na izvsuvanje.Tuka e sprega pomegu izvrsitelite i sudiite i tuka nisto ne se moze.Edinstveno vo pogled na izvrsitelite treba da se razmisli pravdata da se zema vo svoi race pa bar malku da osetat kako e koga nekoj niv ke gi maltretira kako oni sto maltretiraat drugi.Ne gi zanimalo dali predmetot e zastaren ili ne.Sramota.Se napravija bogatasi preku nok od razni taksi vrz grbot na obicniot covek.A koga treba da izvrsat nesto od drzavata tuka se nemokni i ne sakaat da se zameraat so drzavata.Treba da se ukinat i vo najmala raka da se pratat malku na prevospituvanje vo Idrizovo pa da ja osetat makata na obicniot covek.I javno da im se objavat domasnite adresi na ziveenje.
Од: marjan
Датум: 05.01.2011 02:26:52
jas dobiv smetka za neplaten dolg od dekemvri 1994 do dekemvri 1998 toa e kriminal sto go pravi toplifikacija

Најди! во Утрински
Политика
Од ентузијазам до сервилност кон Владата
Два милиона евра за рампи на една патарина
Анонимка и за министерот Коњановски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks