Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Политика

Два милиона евра за рампи на една патарина

За модернизација на пет наплатни станици државата ќе земе заем од 10 милиони евра

Билјана Ангеловска


Два милиона евра ќе чини една наплатна станица со нов современ електронски систем на наплата. Според пресметките на надлежните, дигитализацијата на петте наплатни станици, кои се по должината на Коридорот 10, ќе чини околу 10 милиони евра. За толкава сума државата ќе се задолжи, по што ќе ги осовремени патарините и ќе ги стопанисува. Одлуката на државата да задржи дел од патарините и да не се откажува од златната кокошка која и' носи сосем солиден приход на годишно ниво, не изненадува, особено ако се знае дека само за еден месец, и тоа август, кога фреквенцијата од возила е најголема, петте патарини инкасираат над еден милион евра.

Засега под државна капа ќе останат наплатните рампи Романовце, Сопот, Отовица, Градско и Петровец, кои „покриваат“ околу 95 километри од овој коридор во Македонија. За нив веќе се водат преговори со меѓународни финансиски институции за набавка на нов електронски интегриран систем за наплата на патарината. Со предвидените 10 милиони евра, како што велат во Агенцијата за државни патишта, ќе се извршело проширување и адаптација на постоечките наплатни станици, ќе се набавел интегриран систем за наплата на патарина и ќе се купеле електронски уреди за плаќање на патарината.

Државата се обиде да го испита пулсот кај фирмите колку се тие заинтересирани за евентуално да ги земат под концесија патарините што се наоѓаат по должина на Коридорот 10. За таа цел во септември 2009 година беше распишан и јавен повик, на кој се јавиле 27 домашни и странски фирми. Големиот број заинтересирани компании никого не зачуди, со оглед на тоа дека освен првобитната инвестиција во нова современа електронска опрема, се' после нејзиното инсталирање би му останувало на концесионерот како чист ќар, бидејќи не се предвидуваше тој да има обврска околу одржување на делницата, туку само да ги собира парите од патарините.

Сепак, како што велат во Агенцијата за државни патишта, по направените истражувања, анализи и консултации со повеќе меѓународни експерти за системи за наплата на патарина, било одлучено државата да не се откаже од наплатните станици по Коридорот 10, туку да воведе нов интегриран систем за наплата кој што нема да користи човечки фактор.

„Наплатата ќе биде управувана од Агенцијата за државни патишта преку централен систем на кој ќе бидат поврзани сите наплатни станици“, појаснуваат во Агенцијата за државни патишта.

Ниту од Агенцијата ниту, пак, од Министерството за транспорт кажуваат колку точно ќе чини опремувањето на петте наплатни станици, односно дали сите 10 милиони евра колку што се планира да се задолжи државата ќе бидат искористени за оваа намена. Колку точно вреди електронската опрема, дали за модернизирање на една наплатна станица ќе бидат потрошени два милиона евра и од каде ќе се набавува опремата, никој не кажува.

Засега единствено е јасно дека државата ќе ги задржи овие пет патарини, а ќе се откаже од наплатните станици кои се дел од Коридорот 8 и ќе ги даде под концесија, во пакет со патните правци на кои се наоѓаат. Ваквата одлука, како што вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, е со цел тие да бидат искористени како мамка за идните концесионери да се нафатат да ги реконструираат делниците од автопатот и притоа да им се пружи можност да ги собираат и средствата од патарините.

„Коридорот 8 е дел од проектот за концесија за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта, при што е предвидено системите за наплата на патарината на патната мрежа во Македонија да бидат компатибилни, односно, интероперабилни“, велат во Агенцијата за патишта, потенцирајќи дека лани од сите 10 наплатни станици биле собрани над милијарда денари, односно, речиси 19 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 988 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 04.01.2011 12:22:37
Да несе малце ехејјјјјјјјјјјјјјјјј.Со 2 милони што може да се направи.
Од: zoran
Датум: 04.01.2011 13:18:01
gruevski trie race ke ima za spomenici a i za vo dzep.
Од: Goran
Датум: 04.01.2011 15:11:04
Sto rampi se ova od 2 miliona. Daj objavete slika da gi vidime barem.
Од: Stojko
Датум: 04.01.2011 17:19:35
Sto zemja bevme, bog da cuva - poveke megi otkloku korisno zemjiste - poveke rampi nego ubavi patista????
Од: Трпе
Датум: 04.01.2011 20:18:00
Сигурно овие рапи освен од железо,пластика и електроника ќе имат нешто позлатено и по некој дијамант.Се знае каде одат народните пари.Направете споредба со цената на споменикот на Скендер бег и еден лав и се ке биде јасно дека се што гради ова влада е десет пати поскапо.
Од: Slovenija
Датум: 04.01.2011 22:37:07
Cela Evropa ima vinetno naplatuvanje na patarina.Vo Bugarija,Romanija,ungarija,Avstrija,Slovenija,Slovacka,Cheshka Shvaccarija dodeka vo Danska,Germanija ne se ni plaka a samo Italija i Francija ima patarina kako kaj nas vo Makedonija Za toa vo Makedonija e potrebno Vineti i da se prodavaat na site benzinski stanici i trafiki vo Makedonija i vo okolnite sosedni drzavi
Од: marjan.pp
Датум: 04.01.2011 23:02:06
kolku pari,2 milioniiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii,abre znaat tie kolku se tie pari,i sto moze da se napravi so tie pari,1\10 ke investiraat 90% ke ukradat----100%

Најди! во Утрински
Политика
Од ентузијазам до сервилност кон Владата
Ќе паднат цените на извршителите
Анонимка и за министерот Коњановски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks