Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter
Политика

Од ентузијазам до сервилност кон Владата

Две децении од првата седница на македонскиот парламент

Оливера Војновска


„Две децении се вртиме во круг. За жал, не направивме исчекор во демократските процеси и не ни се случи посакуваниот прогрес. Државата тапка во место. Не се оствари нашиот сон за евроатлантска Македонија, туку се' уште сме надвор од овие структури, што го прави разочарувањето огромно“. Вака пратеничката од првиот собраниски состав, кој ги удри темелите на независна Македонија, Ѓулистана Марковска, гледа на политичките состојби и на општиот амбиент во државата.

Анализирајќи ја ситуацијата со временска дистанца од две децении (кога е конституирано првото повеќепартиско Собрание) , Марковска вели дека најголемото промашув��ње е направено во надворешната политика. Притоа со жалење констатира: „Македонија ги изгуби позициите на надворешнополитички план“. Таа забележува на партизација на судството и јавната администрација, како и на огромниот застој во демократизацијата на општеството. Марковска е на мислење дека треба да се размисли да се стави долна возрасна граница за добивање функција пратеник, министер , премиер. „ Навистина не е в ред на овие функции да бидат млади луѓе со дваесетина години и на кои тоа им е прво вработување. Не може приправници да ни ја кројат државната политика, за тоа, сепак, треба повеќе мудрост“, вели таа.

Марковска, која во парламентот мина два мандата, во првиот и во третиот собраниски состав, истакнува дека законодавниот дом станува се' позависен од извршната власт. Таа влезе во Собранието во 1991 година како пратеничка на тогашниот Сојуз на реформски сили, а потоа дејствуваше како независна. Во пратеничките клупи мина уште четири години, од 1998 до 2002 година, како дел од тогашната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љупчо Георгиевски. „Во изминативе 20 години, место да јакне улогата на парламентот, тој стана инструмент на Владата. Позицијата на парламентот е целосно девалвирана, тој нема никаква контрола на извршната власт и послушно ја спроведува владината политика“, смета Марковска. Според неа, мора да се случи демократизација во двете најголеми партии - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а како исклучително важно го посочува и отворањето на финансиските извори на партиите.

Нејзината колешка Ратка Димитрова, поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека на македонското општество му недостасуваат хармонија и урамнотеженост. Притоа напомнува дека политичката клима е екстремно вжештена. Димитрова го посочува влезот во НАТО и во ЕУ како врвен приоритет за државата. „Вклучувањето во овие структури е од исклучителна важност за прогресот на земјата“, вели таа. Напомнува дека првиот пратенички состав работел со многу голем ентузијазам. „Најважно ни беше конституирањето на самостојна држава. Во тоа време требаше брзо и енергично да се дејствува и да се направат многу работи околу етаблирањето на државата“, нагласува Димитрова, забележувајќи дека тогашното државно раководство били прилично колебливо. Се потсетува дека со пратеничката Билјана Лазаревска два дена штрајкувале со глад кога дознале дека не била поднесена молба за прием во Обединети нации.

В понеделник, на 10 јануари, во 12 часот парламентот ќе ја одбележи 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница на Собранието - 8 јануари 1991 година. За претседател на законодавниот дом тогаш беше избран Стојан Андов. Прв акт што го донесе Собранието, на 25 јануари 1991 година, беше Декларацијата за сувереност. Првото повеќепартиско Собрание ја постави правната основа на самостојна Македонија, го распиша референдумот за независност, ги усвои Уставот, химната, знамето и ги избра првиот претседател на државата, Киро Глигоров, и првата Влада предводена од Никола Кљусев.

Пратениците повторно ги споија празниците

Пратениците и оваа година си ги споија сите државни и верски празници - Нова година, Бадник, Божик, Свети Стефан. Во пратеничките клупи ќе се вратат на 10 јануари за кога се закажани три седници.

Инаку, вчера беше работен ден за сите македонски граѓани, освен за нив. Иако, според измените на Законот за празници (усвоени речиси пред четири години), Нова година се празнува само еден ден.

В понеделник парламентот најпрво ќе ја одбележи 20-годишнината од одржувањето на Првата конститутивна седница на Собранието. Потоа пратениците треба да ги донесат одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировна операција во Авганистан и во мировната операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА. (О.В.)

 


#
Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар

Од: Objektivno gledanje
Датум: 05.01.2011 08:31:27
G-djata Djulistana e celosno vo pravo! Nejzinite zabeleski i sugestii se sosema na mesto! Najmladiot kongresmen vo SAD ima najmalku 45 godini! A kaj nas Sobranieto dobar del e popolneto so brucosi!? Tie se podgotveni da mu gi bacuvaat cevlite na liderot samo da gi ,,igra,,! Kako moze da se ocekuva uspesno vodenje na drzavata so takvi ,,kadri,,?

Најди! во Утрински
Политика
Ќе паднат цените на извршителите
Два милиона евра за рампи на една патарина
Анонимка и за министерот Коњановски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks