Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Дете се обеси во Дабиле

СТРУМИЦА – Тринаесетгодишно дете од струмичкото село Дабиле си го одзеде животот со бесење. Момчето оставило проштално писмо, упатено до своите родители. Во него, како што велат во истрагата, не биле наведените причините што го натерале детето да посегне по сопствениот живот. Настанот, кој го потресе селото, се случил на таванот во плевната завчеравечер околу 21.30 часот. Таму момчето врзало јаже и се обесило. Безживотното тело на детето го пронашол таткото. Тој веднаш го однел синот во струмичката болница, но тоа веќе бил мртов и лекарите не можеле да му помогнат. Детето било ученик во шесто одделение. Неговото семејство важи за работливо и почитувано.

Од досегашните информации од истрагата се дознава дека детето оставило писмо, во кое само напишало дека ги поздравува своите родители, а немало наведено причини за што си го одзел животот. Оттаму додаваат дека не станува збор за насилна смрт, бидејќи на телото не биле пронајдени никакви знаци на насилство, туку станува збор за класично самоубиство.

Ова е втор случај за неколку дена на малолетници, кои посегнале по сопствениот живот. Во саботата жителите на гостиварското село Долна Бањица беа шокирани од обидот за самоубиство на малолетничка од селото. За среќа, таа не успеала во својата намера, по што е префрлена на лекување во скопските клиники и нејзината здравствена состојба се подобрува. Годишно, во земјава во просек се случуваат 150 самоубиства, а како најчести причини се споменуваат семејните проблеми, сиромаштијата, депресијата и љубовните маки. Само во Гостиварско, од почетокот на годинава се регистрирани две самоубиства и шест обиди за одземање на сопствениот живот со труења со лекови или со други хемикалии. Според информациите од СВР Тетово, во шесте случаи, по својот живот посегнале жени на возраст меѓу 15 и 30 години. (Е.П.-К.К.)


#
Статијата е прочитана 2187 пати.

Испрати коментар

Од: zlatka so fam germanija
Датум: 14.04.2010 13:09:15
socustvo do celata familija leka mu zemja.

Најди! во Утрински
Хроника
Исчезна уште едно дете во Куманово
Загина тинејџер од струен удар во Гостивар
МВР не доставува битни докази за убиството кај ПМФ
Латас дојде на судење, судијата нуди помирување
Љубе Бошкоски не дојде на суд по тужбата на Тарчуловски
Таксени марки за пасош преку СМС