Број 3257  среда, 14 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Загина тинејџер од струен удар во Гостивар

ГОСТИВАР - Тинејџер од Албанија загина од струен удар, а две лица претрпеа електричен шок во несреќа што се случи завчера во Гостивар. Тројцата сечеле гранка, влечејќи ја со челична сајла. Во еден момент гранката паднала на далновод и предизвикала струен удар. По десетина минути поминати во кома, здравствената состојба на двајцата повредени се подобрува.

Трагедијата во која животот го загуби дваесет и двегодишниот Илир Т. од албанскиот град Либражд се случила завчера околу 14 часот, кога заедно со сопственикот на нивата, 50-годишниот С.А., со челична сајла влечеле гранка од дрво. Сопственикот на нивата ги ангажирал тинејџерот и неговиот соселанец 62- годишниот И.М. да му помагаат во расчистувањето на гранките од дрвата што се наоѓаат во неговата нива. Гранката не успеале да ја повлечат кон себе и загубиле контрола врз неа, по што таа паднала на далноводот и предизвикала струен удар. Од ударот на самото место загинал албанскиот тинејџер Илир Т., додека С.А. и И.М. доживеале електричен шок и десетина минути биле во бессознание. По освестувањето, ги информирале блиските роднини за несреќата, кои веднаш случај го пријавиле во полиција.

Екипа на гостиварската полиција, дежурен истражен судија и заменик-јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата. Со наредба на истражниот судија, била извршена обдукција врз телото на починатиот. СВР - Тетово работи на целосно расветлување на сите подробности поврзани со овој несекојдневен случај. (К.К.)


#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: gjoko bugarija
Датум: 14.04.2010 10:03:09
A shto bara toj albanski drzhavjanin vo Makedonija?Raboti nelegalno.Zatvor za toj shto go vrabotil.Malku gi imame od kosovo, pa sega i od albanija doagjaat.
Од: Boris
Датум: 14.04.2010 13:14:56
Дваесет и двегодишната жртва одамна не е тинејџер! Жалосно за момчето, но склопот на околностите сам си ги создал за на крај да биде исходот фатален по неговиот живот.
Од: giovani
Датум: 14.04.2010 14:07:12
po parce leb doshol be prijatel,isto koko makedoncite shto odat dravpo cel svet.istoto i tebe moze da ti se sluci,a i qe ti se sluci bidi siguren.ako se raduvas na tugja nesreqa ocekuvaj ja vo dvor.pozdrav.
Од: nokij
Датум: 14.04.2010 14:37:19
abe nacista gojko a sto gi imame od bugarja vo makedonija neka rabotat tie neli

Најди! во Утрински
Хроника
Исчезна уште едно дете во Куманово
МВР не доставува битни докази за убиството кај ПМФ
Дете се обеси во Дабиле
Латас дојде на судење, судијата нуди помирување
Љубе Бошкоски не дојде на суд по тужбата на Тарчуловски
Таксени марки за пасош преку СМС