Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Хроника

За шверцери на хероин – 77 години затвор

Осумтемина осудени во случајот „Босфор“ остануваат во притвор

Љубиша Станковиќ

Седумдесет и седум години затвор изрече Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1, за осуммина обвинети за трговија со наркотични дроги, а за сите остана во сила и мерката притвор што им беше изречена во ноември минатата година.

Судскиот совет од Одделот за организиран криминал на казна затвор од 10 години го осуди купувачот на 43,382 килограми хероин, првообвинетиот Љутви Чоти (57) од Куманово. Една година помалку доби Башким Али (38) од скопско Арнакија, а на затворска казна од 10 години беше осуден Сали Шабедини (48) од Романовце. За поседување и тргување со наркотични дроги, Сефедин Фелеки (59) од Арнакија, исто така, беше осуден на 10 години затвор, а за недозволено поседување и држење на огнено оружје, судот му изрече уште две години затвор, па за двете кривични дела му беше одредена единствена затворска казна во траење од 11,5 години затвор.

За трговија со наркотични дроги, Абдулкерим Асипи заработи осум, а за поседување огнено оружје уште четири, па за двете дела судот му изрече единствена казна затвор во траење од 11,5 години затвор. Осумгодишна затворска казна заработи Суби Јахји (50) од тетовска Палатица.

Мухамедин Мустафа (54), од скопско Бојане е осуден на 10,5 години затвор поради трговија со хероин и поседување огнено оружје, а Наим Реџепи (39) од кумановско Белаковце доби осум години затвор.

Согласно со пресудата, хероинот, товарното возило „рено“ со влекач, автомобил „хјундаи гец“, како и мобилни телефони со СИМ-картички се пленат во корист на државата.

Овој случај беше обелоденет кон крајот на ноември минатата година кога македонската полиција информираше дека во соработка со нивните турски колеги, прекинала синџир на илегална трговија со хероин.

Јавното обвинителство излезе со тврдење дека нарачател на хероинот бил Љутви Чоти. Тој, заради транспорт на хероинот, стапил во контакт со Суби Јахји и со Мухамедин Мустафа, кој, пак, за потребите на транспортот го ставил на располагање својот камион. По ова, Чити ги ангажирал и другите споменати, па така Башким Али имал обврска да го организира превозот и да одржува комуникација со другите припадници на оваа група. На 11 ноември лани, преку Грција, Суби Јахји заминал за Истанбул од каде што ќе се врати на 23 истиот месец. Во специјално изработен бункер, ќе биде скриен хероинот со тежина од 43,382 килограми, но тој пред царинските органи ќе пријави транспорт на магнезиумова руда.


#
Статијата е прочитана 855 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
МВР ќе ги расчисти пасошите до февруари
Украден камион со 62 илегални имигранти
Со пиштол ја враќал сопругата
Разбојници оперираа ноќ и ден низ Скопје
Македонци фатени со 10 кг хероин






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia