Триесет и двегодишниот Д.Г. од селото Мошти кај Македонска Каменица е приведен откако предизвикал инцидент, барајќи сопругата да му се врати дома. Според МВР, настанот се случил во понеделникот околу 17 часот во струмичко Муртино, кога Д.Г. дошол во куќата на А.В., каде што од неодамна престојувала неговата сопруга. Извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, а потоа отишол на прозорецот од собата во која биле сопругата и нејзината мајка. Со пиштолот го скршил стаклото со намера да пука, но во тој момент, А.В. ја фатил цевката од пиштолот и започнал да се бори со него, при што испукал еден куршум, но не погодил никого. Кратко време потоа, А.В. успеал да го совлада Д.Г. и го задржал додека не пристигнала полицијата, која најави расчистување на случајот. (Г.А.)