Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

ЗАЗА ГАБОР

Ја продава вилата за да го плати лекувањето

Актерската легенда Заза Габор е принудена да ја продаде вилата на Бел ер за да може да ги плати трошоците на лечењето - пренесуваат американските медиуми. Како што наведуваат истите медиуми, здравствената состојба на 93- годишната актерка е се' полоша и полоша. Заза во саботата се вратила дома од болница, а лекарите биле принудени да и' ампутираат три четвртини од ногата.

За продажбата на куќата, медиумите ги известил нејзиниот деветти сопруг, Фредерик фон Анхалт, кој рекол дека сака да ги реши долговите на Заза Габор и да и' овозможи и натаму да живее удобно. Месечните трошоци за животот во вилата им се околу 35.000 американски долари, а тоа веќе не можат да си го дозволат, зашто месечните трошоци за лечењето на Заза се искачиле на 21.000 долари. „Се забавуваше со богати и славни, флертуваше, се мажеше, а не мислеше на иднината“ - изјавил Фредерик фон Анхалт, објаснувајќи како е можно филмската дива пред крај на својот живот да се најде во тешка финансиска ситуација.

Бившата секс-бомба, која ги одбележа 50-тите и 60-тите години на минатиот век, во 2002 година доживеа тешка сообраќајна несреќа. Минатата година, на 17 јули, 93-годишната Заза го скрши колкот паѓајќи од креветот во обид на седне на инвалидската количка. Тешко повредената Заза во болницата е подложена на операција на вградување вештачки колк. Операцијата на замена на колкот не минала најдобро, па следувале многу компликации, а Заза во еден момент била и пред смрт.


#
Статијата е прочитана 1163 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Шпанските актери го добија своето прво дете
И песни и солзи за 30. роденден
Боксерот стана татко осми пат
Американка во потрага по македонските носии
Кој влегува во трката за евровизиски претставник?