МАЈК ТАЈСОН
Боксерот стана татко осми пат
Мајк Тајсон стана татко по осми пат. Неговата трета сопруга, Лакиха Спајсер, во вторникот родила момче. „Мајк и Лакиха се многу среќни поради приновата. Мајката и бебето се чувствуваат добро“ - потврдил извор близок на родителите за американските медиуми. На бебето се' уште не му дале име. Парот веќе ја има двегодишната ќерка Милан.
Тајсон (44) го добива синот 18 месеци по трагичната несреќа, во која ја изгуби 4-годишната ќерка Егзодус. Таа се задуши во семејната куќа во Феникс. Само десетина дена по трагедијата, Тајсон и 32-годишната Лакиха се венчаа.
Од претходните врски и бракови со Робин Гивенс и Моника Тарнер, Тајсон има уште пет деца: Рајана, Амир, Мики, Мигуел и Д’Мато. |