Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

ПЕНЕЛОПЕ КРУЗ И ХАВИЕР БАРДЕМ

Шпанските актери го добија своето прво дете

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем во вторникот, на 25 јануари, го добија своето прво дете. Приновата дошла на свет во болница во Лос Анџелес, а засега не е познато дали е момче или девојче. Шпанските актери, Пенелопе Круз (36) и нејзиниот 41-годишен сопруг, строго го чуваат својот приватен живот од очите на јавноста, па така, не сакаа да откријат ни кое име и' го дадат на приновата.

Шпанскиот актерски пар ја озакони својата врска во почетокот на јули минатата година на Бахамите. На церемонијата на венчавката присуствувале само членовите на најтесното семејство, а тоа е прв брак за двајцата. Пенелопе и Хавиер се познаваат уште од 1992 година, а врската ја започнаа во 2007 година. Овие двајца оскаровци заедно имаат глумено во три филма: „Шунка, шунка“, „Живо месо“ и „Вики, Кристина, Барселона“.


#
Статијата е прочитана 718 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
И песни и солзи за 30. роденден
Боксерот стана татко осми пат
Американка во потрага по македонските носии
Ја продава вилата за да го плати лекувањето
Кој влегува во трката за евровизиски претставник?