Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Мислења

Мислења

Строга контрола на изборните документи

Хисен Рамадани

Неопходна контрола на избирачките списоци на сите избирачки места и контрола на печатењето, дистрибуцијата и ракувањето со изборниот материјал

За неправилности во избирачките списоци одамна се зборува, но никогаш сериозно и официјално. Овој краток критички осврт за тоа нема некаква оперативна функција, бидејќи за тоа нема време. До изборите останаа уште неколку дена. Евентуалната полза би била во тоа да се зголеми вниманието во законското ракување со избирачките документи и да се направи совесна селекција на постојните и фиктивните избирачи. Станува збор за следното: според статистичките податоци од 2007 година, во Македонија има 2.050.000 илјади жители, а актуелниот избирачки список содржи 1.800. 000 избирачи, тој сооднос е нелогичен и затоа е нереален, ако се има предвид дека деца од 1 до 6 години има околу 150.000, а ученици од осумгодишно и средно училиште до четврта година околу 350.000.

Од сево ова произлегуваат разни процени за објективниот број гласачи во Македонија. Процените за фиктивниот број се различни во дневниот и во периодичниот печат, но најчесто се спомнува бројот од околу 200.000 непостојни избирачи. Дури се наведува дека во тој број не се вклучени оние кои повеќе години не се резидентни граѓани и тие коишто во меѓувреме починале, а кои се' уште фигурираат во избирачките списоци.

Интересно е дека оваа состојба се третира така што нејзиното постоење никој не го негира, но и никој не дава објаснување. Така, на пример, деновиве дневниот печат наведува дека кога за тоа се прашува Државната изборна комисија, таа упатува на Министерството за правда, тоа пак упатува до Министерството за внатрешни работи, а ова до Републички зав��д за статистика. Но, статистиката молчи. Со еден збор, сите го признаваат постоењето на аномалијата меѓу бројот на вкупното население и бројот на гласачите во државата, но никој не дава детали и објаснувања зошто е тоа така и за кои цели се толерира таквата нелогичност и неажурност на одговорните органи. Изненадува и фактот што политичките партии и од власта и од опозицијата оваа аномалија не ја проблематизираат, со што оставаат впечаток дека е можна и евентуална манипулација со списокот на фиктивните избирачи. Се разбира, таква можност имаат партиите на власт и тоа сразмерно со нивната реална сила.

За овој феномен нема реакции ни од невладиниот, цивилниот сектор, особено од Хелсиншкиот комитет, асоцијациите за човекови права, па ниту од републичкиот јавен правобранител. Паѓа в очи и тоа што овој проблем досега не го имаат апострофирано ниту меѓународните фактори во земјава, особено оние од Европската унија и ОБСЕ. Го подвлекуваме ова од причина што еден од основните услови за демократски и фер избори е основниот изборен документ - Избирачкиот список да биде одраз на реалното избирачко тело ажуриран за секој изборен циклус. Исклучок е Меѓународниот институт за источноевропски и балкански истражувања (ОДИХР) кој деновиве укажува на постоење неправилности во нашиот Избирачки список.

Сега, кога нема време за корекции, прашањето е како да се направи заштита фиктивните гласачи да не бидат употребени т.е. злоупотребени. Признавам дека немам јасна претстава како можат да се „воздржат“ органите и поединците во илјадници избирачки места во земјава од искушението да не се „послужат“ со фиктивните и останатите имиња од избирачките списоци.

Не навлегувајќи и не сомневајќи се априори во етиката на избирачките одбори, чинам дека два инструмента би биле од корист за целта што ја посочивме, а тоа се: строга контрола во избирачките списоци на сите избирачки места и строга контрола на печатењето, дистрибуцијата и ракувањето со избирачкиот материјал - избирачките ливчиња т.е. листи.

Не сум сигурен дека тоа е доволно, но сигурен сум дека во некои изборни циклуси неодговорното ракување со избирачките списоци и особено неконтролираното, неовластено печатење и ракување со гласачките ливчиња и листи, беа главни причини кои овозможија низа изборни неправилности, фалсификати, па и насилство.

(Авторот е политиколог)


Статијата е прочитана 467 пати.

Испрати коментар

Од: blagica kavadarci
Датум: 11.03.2009 16:08:32
Sigurno sds ima namera da pravi falsifikat na izborite pa zatoa sega ja obvinuva vladata. Gi znaeme site nivni malverzacii

Најди! во Утрински
Мислења
Сами против кризата