Горан Бреговиќ
Свири на цедето на Тавитјановци
Горан Бреговиќ со ексклузивна гитарска изведба го затвора списокот на учесници што ќе бидат дел од најновото музичко остварување на Гаро сениор и браќата Тавитјан. Покрај популарниот Брега, на новиот албум учествуваат дел од најзначајните балкански пејачи, меѓу кои се Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Хари Варешановиќ, Масимо Савиќ, Тереза Кесовија, Аки Рахимовски, Есма Реџепова, Каролина и Мики Јовановски. Станува збор за изведби на традиционални македонски песни, кои се во продукција на Диран и Гаро Тавитјан.
Промоцијата на цедето се најавува за средината на декември кога ќе биде промовирано и првото видеоиздание од овој проект на Гаро, браќата Тавитјан и Масимо Савиќ, кое го изработи „Томато продукција“. |