Саша Барон Коен
Тужба тешка 70 милиони фунти
Во својот најнов филм за австрискиот геј-новинар, Саша Барон Коен - Бруно го пропатувал Западниот Брег каде што го интервјуираше и Ауман Абу Аит, претставувајќи го како водач на терористичка организација на Бригадата на маченици. Бидејќи Коен на неодамнешното гостување кај Летерман изјавил дека до Ауман стигнал благодарение на своите врски со ЦИА, го испровоцира активистот и палестинскиот борец за мир да бара отштета од 70 милиони фунти, што е половина од заработувачката од филмот.
Имено, по премиерата на „Бруно“, Ауман почнал да добива закани со смрт. Колку за потсетување, Есма Реџепова поднесе тужба против Коен, обвинувајќи го дека без дозвола ги користел нејзините песни, при што доби отштета од 26.000 долари. |