Број 3274  среда, 05 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Етичкиот кодекс како политички памфлет

Според правилата за однесување на функционерите од највисокиот ешалон никој за ништо не е одговорен

Катица Чангова

Тивко, без никаква најава и медиумска презентација, како што вообичаено се практикува, односно преку ноќ, Владата донесе Етички кодекс и го објави во „Службен весник“ од 30 април. Правилата за однесување на функционерите од највисокиот ешалон се темелат само на морал и етика, на почит и должно внимание, со други зборови, никој за ништо не е одговорен. Најголем апсурд на овој производ што го парафира вицепремиерот Васко Наумовски е што не предвидува политичка казна за премиерот, министрите и за високите функционери. И нема надлежен орган што ќе санкционира.

Па, тогаш зошто е потребен Етички кодекс за членовите на Владата и за именуваните носители на јавни функции од Владата? Тие безрезервно можат да уживаат во рајот на непотизмот имајќи предвид дека во највисоките кругови на власта има неколку примери на роднински релации, потоа во резервирањето професорски места за утре, во можностите за магистрирање и за докторирање додека се на функција, во истовременото земање и плата и пензија...

Правните експерти што учествуваа во подготовката на Етичкиот кодекс се фрапирани од содржината. Според нив, исплакнатиот и проформа текст со скромни 24 одредби е политички памфлет, бидејќи останале само насловите на поглавјата, некои воопшто не се застапени, а резултатот е целосно изгубената целина. Етичкиот кодекс нема ни „п“ од правила со регулирани детали и со политичка одговорност какви што постојат во европските демократски земји.

„Празен текст со декларативни норми без никаква функција. Голо и неприменливо слово на хартија без обврска и задолжување. Совршено е нејасно која институција добива надлежност да го санкционира неетичкото и неморалното однесување на функционерите. Чудно е тоа што не се предвидува политичка одговорност за највисоките функционери“, потенцира професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска-Данева, која беше дел од тимот ангажиран на подготвувањето на Кодексот.

Таа им препорачува на министрите да го погледнат Етичкиот кодекс на Велика Британија, што е мала книга со многу задолжувања. „Каде исчезнаа релациите на членовите на Владата со Собранието и со администрацијата, службените патувања на министрите, кога тие одат во придружба, а кога не одат, потоа децидните одредби за подароците што треба да останат во институциите, а не да се задржат дома, конфликтот на интереси“, прашува професорката Павловска-Данева. Притоа потсетува дека во првичната верзија имало делови што забранувале пишување колумни и мемоари за министрите за време на функцијата, а сега ништо не останало.

Етичкиот кодекс што треба да придонесе за транспарентно работење на министрите и кој повикува на нивна политичка одговорност во случај да го прекршат беше повлечен на доработка од Владата, бидејќи не ги исполнувал стандардите. Павловска-Данева вели дека е невозможно да се повлече Етичкиот кодекс што Владата пред неколку година го донесе на седница и потоа не го објави во службеното гласило. „Усвоен акт на Влада може да се укине само со решение“, објасни таа.

Владата на Никола Груевски неколку години ги чуваше во фиока правилата со кои требаше да им забрани на министрите и на високите функционери да имаат роднински односи во власта, да вршат услуги на роднини и на пријатели, да примаат скапи подароци, да ја злоупотребуваат функцијата за партиски и приватни интереси...

За министрите и за функционерите што не би ги почитувале правилата од Кодексот се предвидуваше политичка одговорност што има право да ја поведе премиер, пратеник или Државната комисија за спречување корупција. Моралната осуда може да е побитна од правната осуда, се изјаснија правните експерти и потенцираа дека во изминатите две децении никој не беше одговорен за своите постапки. За жал, таа одговорност во новиот Етички кодекс ја нема.


#
Статијата е прочитана 753 пати.

Испрати коментар

Од: pandora
Датум: 05.05.2010 00:34:04
Profesorkata koja bila dek od timot ssto go podgotvuval Kodeksot sega istiot go kritikuva. Cudna nekoja etika.
Од: Pace
Датум: 05.05.2010 00:38:48
‘Етичкиот кодекс‘ претставува крешчендо на демагогијата со која владеат 4 години.
Од: petre
Датум: 05.05.2010 06:36:28
dali spored prof.Daneva ova znaci deka rodninite i prijatelite na ministrite od vladata treba da ostanat nevraboteni kolku i da se sposobni.Zosto tie da bidat kazneti
Од: мене
Датум: 05.05.2010 06:57:14
Пандорче,вмровско девојче,псевдонимот одлично ти одговара во твоите коментари штом ја отвориш „устата“ веднаш излегува злото и гневот.Мора да ти е тешко да пишуваш по вмровски диктат за работи за кои и самата гледаш дека не се така.Те сожалувам....
Од: marija
Датум: 05.05.2010 07:53:17
Od Vladata na Gruevski veke nisto ne ne iznenaduva,kaj niv postoi samo megalomanska zelba za vlast,a ODGOVORNOSTA za niv , treba da ja nosi nekoj drug......
Од: Eтика
Датум: 05.05.2010 08:19:54
Сигурно е дека на владата не и одговара етички кодекс,изработен од професионалци,па сама си го преправила по свој терк,бришејќи ја одговорноста.Пандора нека прво го прочита текстот,па да коментира,ако и тогаш го разбере!
Од: realen
Датум: 05.05.2010 09:07:55
Ne sum pravnik, no zarem treba eticki kodeks za licnosti na takvi visoki pozicii. Takov kodeks mozat da im podelat na nekoi nivni direktorcinja. MKD sekoj sed zacuuva so nekoi svoi finti, ama ne ke e dobro. Sami sebesi si zdodeavme i na drugite, kritikuvame, ohrabruvame-rezultati nema, no primeri kako i na koj nacin ima; samo treba da se pobaraat.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.05.2010 09:44:39
Тука никаков кодекс па камоли на етика може да се применува.Тука применувањето на етиката се рачуна како слабост или неспособност.Народот се ,,воодушевува,, кога некој ќе се обогати на сомнителен начин ,,браво,го бива човекот,,.По мене пропишување на етички норми значи да се признава да досега се немало етика,па сега тоа ќе се регулира со некаков кодекс.На пример мене повеќе ми се допаѓа да виножитните воопшто и не размислуваат за вакво нешто зошто етиката и моралното однесување го нема во нивниот вокабулар,барем се искрени.Се на се политичките елити од сите бои се одамна оперирани од вакво нешто.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 05.05.2010 10:04:42
Етиката,начинот на однесувањето и моралот,најчесто се одраз на Домашното воспитување!Тоа не може да се научи на Факултет,преку-ноќ,туку се учи уште од пелени!Не постои ниту книга,ниту правило,кое може да ги избрише Дамките на одредени политичари! Дури и со „Вениш“да пробаат,ќе има штетни последици за нивното тело и кожата,но Дамките ќе им останат! Тоа е вистината што народот добро ја знае! Политичката казна,по се изгледа ќе ја избегнат, но дали ќе успејат да ја избегнат Кривичната одговорност е прашањето кое треба Веднаш да се постави! Најголемата заслуга за неказнувањето на ваквите Флекосани политичари ја има Молчеливиот Трпе,сопругот на Трпана!Трпе и Трпана, не се научија да го изразат својот гнев!Палејќи се исклучиво на Ниските кратковиди Страсти,од денес-за утре,гледаат гордо во Монументалниот Кичерај,неразбирајќи ја Грандиозноста на Глупоста и долгорочните последици од неа,поради сопствениот примитивен егоизам!
Од: јас
Датум: 05.05.2010 10:36:52
А што друго да се очекува од оваа лицемерна блада??? „ НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ ,ПРАВИ ШТО ТИ ВЕЛАМ “ !!!

Најди! во Утрински
На прво место
Македонските политичари навлечени на „Фејсбук“
Се замати ли фокусот за пристап во ЕУ?