Македонија има уште еден месец да покаже дека се' уште и' е важна ЕУ-агендата и да се наметне на самитот во јуни за да издејствува датум за преговори. Заминувањето на јунскиот ЕУ-воз без Македонија ќе значи оддалечување на нашата држава од видното поле на проширувањето на ЕУ, сметаат од Македонскиот центар за европско образование. Анализата од следењето на пристапниот процес на Македонија во ЕУ во првите три месеци од 2010 година на МЦЕО покажува дека Владата повеќе се подготвува за нови предвремени избори отколку за датум за почнување преговори со ЕУ. Според Лидија Димова од МЦЕО, одложувањето на ЕУ-агендата од страна на Владата за подобри времиња, со алиби за безизлезната ситуација во која се наоѓаат преговорите за името, е неприфатлива варијанта за државава. Како што вели таа, приоритетите на ЕУ се изместуваат, особено со доаѓањето на новата претседателска тројка.
„Приоритетите поврзани со проширувањето ќе се видоизменат. Белгија и Унгарија се следни и не се многу заинтересирани за проширувањето, а Полска е повеќе заинтересирана за државите од Источна Европа и за источното партнерство. (М.П.)
Анализата на МЦЕО покажала дека Владата се подготвувала за избори, а не за датум за почнување преговори со ЕУ?! Која глупост! Која ви е пак таа МЦЕО? Како ли само заклучиле дека владата се подготвувала за избори? Веројатно тоа им го кажал Бранко? Што предлагаат тие од МЦНО? Да ги прифатиме уцените од ЕУ за некаков датум? Што не направат анализа за човековите права во некои земји од ЕУ?
Од: Мила Македонијо
Датум: 05.05.2010 08:04:42
Неправедната Европа е виновна што не сме поблизу до неа. А кога ќе влеземе ќе земеме ама и ќе дадеме. Водата ќе биде како струјата.
Од: nekoj od EU
Датум: 05.05.2010 09:34:59
Eve gi nasite ´patrioti´ pak Branko..Koj Branko mili makedonci? Vas vi e spasot edino vo EU! Koja ucena pobogu? Tolku li ste lesni pa eden zabegan i isfrustriran premier ke ve laze? Koi uceni? Sto ne pocne da sa zafati za rabota pa neka bara da ne primat pod FYROM? Imeto moze da se resava i posle.. Koi prava na nacionalnosti bre luge? Sto ste se zasekirale za tugi problemi, a vo svojot dvor imate eden kup? Sto stanuva so pravata na Makedoncite VO Makedonija sto se Bolni, Hendikepriani, Socijalni slucaevi? Sto stanuva so nivnite prava vo Makedonija? Zanci ponepismen narod vo Evropa nema.
Од: Trene
Датум: 05.05.2010 09:46:00
Makedonija saka vlez vo EU i slicnite organizacii, no saka vlez samo so priznat nacionalen identitet. Ramnopravnost, tolerantnost i stop na diskriminacija kon etnicki Makedonci, toa e edinstveniot nacin. Podrska za ovaa vlada sto vo grckite baranja preku EU stava i makedoski akcent i konecno se aktuelizirvaat i makedonskite interesi. Najlesno e za grcija i EU grckiot problem da se resi so brisenje na etnicki Makedonci, no toa e apsolutno neprifatlivo i protiv site covecki prava. Makedonija go odi patot koj mora da se odi, polesniot ne e pravilniot. Nisto ne e zamateno, tuku se isprava patot.
Од: јас
Датум: 05.05.2010 10:41:05
А зарем Вие се надевате дека овчарот работи да ја внесе МК во ЕУ?! Ни за милион години !! Нему и на неговите му одговара Македонија да биде темен вилает , каде царува беззаконие ,и апсолутизам , земја каде владее еден човек , а истиот човек е ПРЕПОЛН СО КОМПЛЕКСИ , кои си ги лечи со тоа што го уназадува народот и земјата за 100 години !!!
Од: Јован АН
Датум: 05.05.2010 12:52:18
Македонија ги исполни условите за пристапни преговори за ЕУ и условите за прием во НАТО:Единствен услов беше прифаќање на ултимативните,уценувачки барања од нашиот јужен сосед кои,нажалост,ги подржуваат баш оние кои тврдат дека бенчмарковите се исполнети!Се’ друго е само невиден,бескрупулозен,непринципиелен притисок за промена на нашето име и идентитет:Не ми е јасно зошто некои новинари го подржуваат тоа.