Утре ќе биде ограничено одвивањето на сообраќајот на раскрсницата кај Владата. Екипите на „Водовод и канализација“ од 9 до 15 часот ќе вршат поврзување на водоводната мрежа на раскрсницата меѓу булеварите „Илинденска“ и „Свети Климент Охридски“, пред зградата на Владата.
Во овој период ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на делот од улиците каде што ќе се поврзува водоводната мрежа. Градот Скопје апелира до граѓаните, учесници во сообраќајот, во посочениот период да бидат крајно внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за што побезбедно одвивање на сообраќајот. (С.Н.)