Освежени лентите на „Орце Николов“ и на „Гологанов“
Екипите на „Улици и патишта“ во текот на изминатите ноќи ги бележеа коловозите и пешачките премини на „Орце Николов“ и на „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Во текот на јули рачно и машински се обележени над 60.000 должни метри магистрални сообраќајници. Рачно се обележуваат пешачките премини, стрелките, стоп-линиите и другата хоризонтална сигнализација, додека машински се бележат должните линии и коловозите за јавен превоз. Освен на коловозните ленти, се освежува и бојата на велосипедските патеки на тротоарите, а продолжува и обележувањето на автобуските постојки. (С.Н.)