Градот Скопје од вчера започна со комплетна реконструкција на коловозот на улицата „Иван Козаров“ во населбата Кисела Вода. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните дваесетина дена, а целосно ќе биде реконструиран коловозот на потегот од раскрсницата со „Доситеј Обрадовиќ“ до улицата „Божидар Аџија“.
Стариот и оштетен асфалт ќе биде целосно отстранет, ќе се уредат сливниците за атмосферски води, а ќе бидат сменети и оштетените рабници. За безбедно одвивање на сообраќајот е воспоставен привремен сообраќаен режим што треба да го почитуваат сите учесници во сообраќајот и да ја следат поставената сигнализација. Реконструкцијата ќе чини 3