Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Крвава ноќ во Прилепско

Маж и жена се убиени, а синот и вујкото се повредени во крвава драма во Преглово

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Маж и жена се убиени, а синот и вујкото се повредени во крвавата драма што се случувала вчера на полноќ во една семејна куќа во селото Преглово во општината Пласница.

Џевад Раифоски (48) од село Лажани, сопственик на бутик во Пласница, добро вооружен со автоматска пушка и нож, по претходна закана, отишол во куќата на мајката на Неџада Далипоска (34) во Преглово. Тој со рафални истрели на прагот од куќата ја убил Неџада, која била негова поранешна работничка, а потоа влегол во собата каде што биле останатите членови на семејството и го убил нејзиниот сопруг Раим Далипоски (36) уште пред да биде свесен што се случува.

Според двајцата синови на Далипоски, кои се очевидци на оваа крвава драма, убиецот потоа ја вперил пушката во братот на Неџада, Емир Таироски (32), и му нанел прострелни рани на двете раце. Кога имал намера да продолжи натаму, пушката се закочила, па извадил ловечки нож и се нафрлил врз синовите на починатите. Тој му нанел полесни повреди на едното момче, а потоа избегал од местото на крвавото злосторство. Полицијата работи на расветлување на случајот и откривање на мотивот за двојното убиство.

Истражниот судија кој извршил увид наредил обдукција врз телата на починатите сопружници. По укажаната помош во кичевската болница, Емир итно е пренесен на скопските клиники, а синовите и целото семејство се во шок поради трагедијата што ги снајде.

Од семејството забележуваат дека иако барале, не биле заштитени од полицијата од заканите и насилството на Џевад, кој ги вознемирувал со месеци.

„Повеќе пати пријавуваме во полиција. Неџада работеше пред четири месеци како продавачка во неговиот бутик. Тој постојано и' префрлал и еднаш ја киднапираше, едвај со полиција успеавме да ја спасиме и по пет часа да ја вратиме дома. Потоа, сопругот Раим ја остави, таа дојде кај мајка и' со децата. Но, Раим се грижеше за нив и секој ден доаѓаше, заедно работеа. Кога му објаснивме што се случило, тој сфати и потоа се смирија, па почнаа планови да си градат нова куќа. Вчера Раим беше во Прилеп да купи блокови за новата куќа. Но, заканите на Џевад не прекинуваа, не ги оставаше намира. Тој дојде во куќата и на денот на убиството и се закани дека сите ќе не' убие. Го пријавивме околу пладне, но полицијата во нашата куќа дојде дури вечерта околу 19 часот. Веќе беше предоцна. Ако не му се закочеше пушката, можел сите да не' убие“, велат најблиските роднини, скршени од болка поради големата загуба.

Според Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР - Битола, Далипоски само еднаш го пријавиле Раифоски, по што полицијата експресно интервенирала. Нему веднаш му било доставено писмено предупредување, а потоа полициска екипа го посетила семејството.

Убиецот е фатен веднаш по крвавиот чин. Во неговото возило се пронајдени рамка од автоматска пушка со калибар од 7,62 мм, а во станот каде што е извршено убиството е пронајдена пушката, ножот и црна капа. Оружјето и муницијата се предадени на вештачење во секторот на МВР, а на убиецот кој се наоѓа во полициската станица во Прилеп ќе му биде изречена мерка притвор.


#
Статијата е прочитана 1665 пати.

Испрати коментар

Од: od covek
Датум: 17.07.2010 04:44:58
G-dinot Strezovski nemase dovolno lugje da gi odbrani Daliposki od ubistvo. Site policajci mu bea isprateni na teren da go apsat semejstvoto Ilievski. SRAMOTA za policijata. Moe socuvstvo za semejstvoto Daliposki.
Од: ne e bitno
Датум: 17.07.2010 11:59:18
Amante bre novinari-pa Makedonija ne e Kina, ima samo 2 mil ziteli i 200x200 km, Preglovo ne e vo opstina Prilep!
Од: ја
Датум: 17.07.2010 12:52:20
Полицијата е стручна да апси луѓе како Дуле млекарот и неговото семејство а појма нема како да заштити невини граѓани на кои некој им се заканува.И што дека пријавиле во полиција.Некој недоквакан полицаец му направил „Писмено предупредување“ и го решил случајот.Ама како го решил со куп жртви.Злото е во тоа што истовремено полицијата славела за успешното апсење на млекарот и успешната освета од Глујо за некролозите.Срамота,кој се грижи за нашата безбедност.За ваков случај каде луѓето барале помош од полиција а потоа се убиени ОДГОВОРНОСТ мора да сносат највисоките структури на власта во МВР.Но за нивна среќа а наша несреќа за апсењето на Дуле тие ќе бидат наградени.Доста им е на овие портокалови дечишта кои се грижат само за свои интереси. СИКТЕР.

Најди! во Утрински
Хроника
Современ софтвер за вештачење на сообраќајни незгоди
Се шири истрагата за педофилскиот скандал во ОБСЕ
Прегазен пешак, возачот побегнал
Неисправното возило го одложи судењето за братоубиство
Во багаж скриле пола тон морска риба