Сопственик на фирма од Косово и возач во фирмата се кривично пријавени поради шверцување, бидејќи во земјава се обиделе да прошверцуваат разна стока. Тие со автобус на фирмата во вторникот пристигнале на преминот Долно Блаце, но не ја пријавиле стоката што ја пренесувале. Во долниот дел од автобусот наменет за багаж и во делот за чување алат биле пронајдени 460 килограми свежа и замрзната морска риба, 13 кутии со метални тенџериња, 13 кутии со ножеви и 10 пакетчиња со леки за очи со неутврдена вредност. Косовците за пронајдената стока не поседувале целосна документација.
Од Царинската управа известија за уште еден обид за шверц. На преминот Табановце, во грчки камион, покрај пријавената стока, биле откриени и 41.600 цигарилоси без контролни маркички. (Г.А.)