Неисправното возило го одложи судењето за братоубиство
Охрид – Неисправното возило за спроведување на притвореници го одложи судското рочиште за братоубиство во Охрид. Поради дефект на затворското возило, охриѓанецот Живко Анѓелески, кој е обвинет за убиство на неговиот брат Александар, не беше донесен на судењето во Охрид. Претходното прво судско рочиште во процесот, исто така, беше одложено, поради тоа што доцнеше извештајот од ДНК- анализата на трагите од крв пронајдени во возилото, за кое се смета дека се користело за транспорт на жртвата.
Охриѓанецот Живко Ангелески (35) е обвинет дека на 30 ноември минатата година го убил својот помлад брат Александар Ангелески (31). Според полицијата, убиството било крвава разврска на долгогодишни меѓусебни караници. Искасапените делови од трупот беа пронајдени расфрлани крај патот за селото Велестово. (МИА) |